ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Banner4

 

КОНКУРС за запишување студенти на трет циклус докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2022/2023 година

 

СЛОБОДНИ  МЕНТОРИ во академската 2022/2023 година

 

DoktorskiTabela

 

ИЗВАДОК ОД КОНКУРСОТ:

 
Услови и начин на запишување студенти:
 
На докторски студии можат да се запишат лица кои завршиле соодветни академски студии и кои ги исполнуваат следниве основни услови:
 
- завршени втор циклус академски студии со стекнати најмалку 300 ЕКТС- кредити од првиот и вториот циклус студии збирно;
 
- завршени постдипломски студии на студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити за организирана академска обука и предавања и друг вид комуникациски активности;
 
- стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со стекнати најмалку 300 ЕКТС-кредити, или со завршени интегрирани студии со 360 кредити;
 
- остварен просечен успех од претходно завршеното образование (прв и втор циклус студии посебно, односно на интегрираните студии), од најмалку 8. Советот на студиската програма од трет циклус студии – докторски студии по архитектура и урбанизам, ќе дозволи упис на студенти кои имаат просек над 7,5 само доколку:
 
· имаат објавено најмалку 1 (еден) труд како автор во референтна научна публикација, согласно член 2, став 24 од Законот за високото образование на Република Македонија ( се приложуба соодветен доказ + потврда за објавен труд ) ;
 
· студентите кои не ги завршиле своите претходни студии на Архитектонскиот факултет во Скопје потребно е да имаат најмалку 2 (две) препораки од универзитетски наставници со оценка на оспособеноста за научна работа, познавање и достигнување во струката.
 
- познавање на англиски јазик, што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Советот на Европа, меѓународен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, утврден со конкурсот или диплома за претходно стекнато образование – додипломски студии (прв циклус) и/или постдипломски студии (втор циклус) каде што студиската програма се изведувала на англиски јазик.
 
Покрај исполнувањето на основните условиод овој Конкурс, на докторски студии на Архитектонскиот факултет во Скопје,можат да се запишат и:
 
-лица кои завршиле студии по архитектура по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, во траење од десет семестри;
 
-лица кои се стекнале со звањето специјалист во рамките на третиот циклус
 
 
 
Документи за пријавување:
 
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на двете електронски адреси:
 
-првата од електронските адреси е на Школата за докторски студии, која ќе биде објавена на web страната: ukim.edu.mk
 
-втората од електронските адреси, која припаѓа на Архитектонскиот факултет во Скопје е:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
1. Во предмет (subject) на електронската пошта, кандидатите ја наведуваат студиската програма за која поднесуваат документи.
 
2. Кандидатот кој се пријавува на Конкурсот, ги поднесува следните документи во скенирана форма на двете електронски адреси:
 
-пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
 
-писмо за мотивација за студирање на трет циклус студии, со назначување на областа на истражување, на македонски јазик;
 
-првична согласност на ментор од листата на ментори (Листата на слободни ментори во вториот уписен рок е ТУКА
 
-кратка биографија на македонски јазик;
 
-уверение за положени испити од прв циклус студии односно од додипломски студии;
 
-уверение за положени испити од втор циклус студии односно од постдипломски студии;
 
-диплома од прв циклус студии односно од додипломски студии;
 
-диплома од втор циклус студии односно од постдипломски студии;
 
-сертификат/ уверение за познавање на англиски јазик;
 
-кандидатите, кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус) го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус студии –докторски студии, како и еквиваленција на оценките, доколку системот на оценување е различен од Република Северна Македонија.
 
 
 
Запишување на студентите
 
Запишувањето на студентите се врши на единицата на која припаѓа студиската програма од 26.10.2022 – 4.11.2022 година.
 
При запишувањето, кандидатите треба ги поднесат во оригинал или фотокопија заверена на нотар, сите документи кои ги доставиле преку електронска пошта во скенирана форма.
 
Исто така, во студентската служба на Архитектонскиот факултет се доставуваат и следните документи:
 
-индекс и пријавни листови;
 
-две фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3);
 
-потврда за уплатена прва рата од школарината.
 
Школарината се плаќа на 3 еднакви рати, на почетокот на секој семестар во учебната година, во денарска противвредност. При плаќањето на првата рата, 250 евра во денарска противвредност примените кандидати плаќаат на Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава:
 
 
- сметка: 160 010 3689 788 18;
 
- приходна шифра и програма: 723012 41;
 
- банка на примач: Народна банка на Република Македонија
 
 
Остатокот од износот се плаќа на сметка на Архитектонскиот факултет во Скопје.
 
 
 
Контакт информации:
 
Школа за докторски студии при УКИМ
адреса: Бул. Гоце Делчев бр.9, 1000 Скопје
лице за контакт: Виолета Ланговска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
Конкурсот е објавен на интернет-страницата:
 
Докторски студии по архитектура и урбанизам
контакт:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
 
Прилози:
 
 
 
 
 
 
 
             Избор на предмети

 

 

 
AFMAP

За факултетот

Деканат
Институти
Историјат
Контакт
Правни акти и документи
Пријатели
A.F. е мој избор
Финансии

 

 

 

 

 

Студии

Додипломски студии
Магистерски студии
Докторски студии
Студентска служба
Студентски организации

 

 

 

 

 


 

 


Уписи

Додипломски студии
Магистерски студии
Докторски студии

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кадар

Административен кадар
Наставен кадар