
НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ПРОГРАМА: 360
ПРЕДАВАЊЕ НА МАРИАНЕ ШУЛХАУГ И ЛУИС КАЛЈЕХАС
На 10.11.2017 година со почеток во 18.30 часот, во рамки на програмата „360“ се одржа третото од серијата предавања на странски професори и експерти планирани да се одржат во зимскиот семестар од учебната 2017/18 година.
објавено на : 2017-11-10 20:25:37
Почитувани,
Ве известуваме дека денес, на 09.11.2017 година, неколку минути по 9 часот наутро, во објектот на Архитектонскиот и Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во работни простории за наставници - избувна пожар.
Благодарение на брзата, присебна и навремена реакција на нашите вработени: Симе Бужаровски, Бојан Каранаков, Тана Кулеван, Наде Велковска, Наташа Јовановска, како и на други вработени од Архитектонскиот и од Градежниот факултет, сите студенти и наставници кои во моментот се наоѓаа во објектот беа безбедно евакуирани, а истовремено беше започнато и со примарна локализација на пожарот. Кратко по пријавувањето на настанот во Противпожарната бригада на Град Скопје, на опожарениот простор беше интервенирано со 12 противпожарни возила и 26 пожарникари, по што за кратко време пожарот беше локализиран. Во оваа прилика сакаме да им изразиме исклучителна благодарност на членовите на Противпожарната бригада на Град Скопје за покажаното знаење, пожртвуваност и висок професионализам.

oбјавено на : 2017-11-05 08:52:38
НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ПРОГРАМА: ТАЛЕНТ
ИЗЛАГАЊЕ НА НИКОЛА ЃОРЃИЕВСКИ
На 31.10.2017 година, со почеток во 18 часот, на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа вториот од серијата планирани излагања во рамки на воннаставната платформа „Нови дијалози“.
Во рамки на програмата „Талент“, свое излагање имаше Никола Ѓорѓиевски,поранешен студент на Архитектонскиот факултет во Скопје, кој по комплетирањето на вториот циклус постдипломски студии на Архитектонскиот факултет во Скопје своето образование го продолжува на нови магистерски студии во Осло, Норвешка, при државната архитектонска школа „АHO – The Oslo School of Architecture and Design” насока “Landscape Urbanism”. Дел од своите студии тој ги поминува во Глазгов, Шкотска, при школата за aрхитектура „The Mackintosh School of Architecture” (MSA), во склоп на школата за уметности „The Glasgow School of Art” (GSA).
oбјавено на : 2017-10-31 14:27:50

објавено на: 2017-10-29 08:20:13
НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ПРОГРАМА: 360
ПРЕДАВАЊЕ НА ГУНАР ХАРТМАН И ХАРУН БАДАКШИ
На 26.10.2017 година со почеток во 20.30 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје, во рамки на програмата „360“ се одржа првото од серијата предавања на странски професори и експерти, планирани да се одржат во зимскиот семестар од учебната 2017/18 година.
објавено на 2017-10-29 08:06:00
НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ПРОГРАМА: 360
ПРЕДАВАЊЕ НА ДАВИД СТОЛЕРУ
На 30.10.2017 година со почеток во 20 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје, во рамки на програмата „360“ се одржа второто од серијата предавања на странски професори и експерти, планирани да се одржат во зимскиот семестар од учебната 2017/18 година. Пред присутните наставници и студенти на Архитектонскиот факултет во Скопје свое излагање имаше архитект Давид Столеру (David Stoleru), французин, кој живее и работи во Барселона, од каде го раководи проектот,,Беит” (The Beit Project).
објавено на : 2017-10-31 12:31:50

Објавено на: 2017-10-23 11:31:37
НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ВОНРЕДНИ СЕСИИ
Вонредна сесија 01, Формат: списание
модератори: Владо Данаилов и Мила Димитровска
На 24 октомври 2017 на скверот во јужното крило на Архитектонски факултет – Скопје се одржа првата Вонредна сесија на тема формат: списание.
Сесијата беше замилсена како ретроспектива на списанијата за архитектура издавани во Македонија (Информатор, А:, Аршин и Дома) и течеше во форма на модериран разговор со дел од уредниците: професорите Мартин Гулески, Минас Бакалчев, Митко Хаџи-Пуља, Јасмина Силјаноска и Влатко П. Коробар.
За време на разговорот бројната публика имаше ретка прилика да види дел од содржините на овие печатени изданија од 70тите-80-тите и 90-тите години, што беа проектирани на платно.
Соговорниците, длабоко емотивно врзани со материјалот што беше тема на разговор, со голема страст ги споделија сеќавањата за предизвиците поврзани со процесот на создавање на списанијата. Во текот на исцрпниот двочасовен разговор беа доловени аспектите на општествениот контекст во кој се пишувало, потребата од пишување (за) архитектура, техничките аспекти на издавање и публикување итн
објавено на: 2017-10-20 15:10:08
НОВИ ДИЈАЛОЗИ:
Покана за саемот на студии
во Франција кој ќе се одржи в четврток, 26
октомври 2017, во НУБ „Св. Климент
Охридски“ во Скопје, од 11:00 до 16:00 часот
објавено на 2017-10-19 13:05:54