Изложба „Една куќа – еден свет“
Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во рамките на редовната настава по предметот Архитектонска композиција, организира изложба на графички трудови на деца меѓу 5 и 8 години. Темата е „Една куќа – еден свет“ и ја означува суштинската важност на заедништвото во градењето на светот и нашата лична партиципација во него.
Целта е препознавање на Архетипските слики, ментални претстави за архитектонскиот простор, како и за нашето просторно присуство воопшто. Архетипските слики се суштествениот, генеративен елемент за појавата на архитектонскиот простор и се однесуваат на немерливиот аспект на мерливото, на појавното. Архетипските слики се длабокото ниво на кое субјектот се изедначува со просторот околу себе и оттаму имаат етичка рефлексија.
Секое дете претставува една личност, „Една куќа – еден свет“.