Промоција на Книга „Скопје Воки Токи”- Сузане Хефти и Дамјан Кокалевски
Локација: Музеј на Современа Уметност Скопје
Датум: Петок, 13 Декември 2019
Време: 18:30
Програма: Вовед, Коктел, ДЈ Сет
Вовед: Сузане Хефти, Дамјан Кокалевски и Ивана Костовска
Гостин: Сузана Милевска
Скопје Воки Токи се фокусира кон трансформацијата на јавните простори со цел легитимирање и утврдување на популистичките и националистичките структури на моќ. Земајќи го Скопје како пример за овие тенденции, книгата укажува на тоа како ново креираниот, екстравагантен идентитет на градскиот центар – со појавувањето на голем број на нови објекти во периодот помеѓу 2008 и 2018 година и со цена од околу 680 милиони Евра е обележје на овие тенденции. Во спротивно на ова, архитектонската експертиза од 1960-тите и 1970-тите години, здобиена од ре-изградбата на Скопје после катастрофалниот земјотрес, благодарение на големата интернационална акција која беше делумно спонзорирана од Обединетите Нации, е занемарена а чии архиви се делумно уништени. Оваа книга претставува уметничко и политичко истражување на урбаниот простор. Проектот е резултат на долгорочната соработка помеѓу Сузане Хефти и Дамјан Кокалевски.