ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 

Потврди за магистерски тези, ќе можат да се добијат, доколку се исполнети сите услови, само еднаш неделно, во петок. Дотогаш можете да ги предадете укоричените Магистерски Тези и снимено ЦД или ДВД со ПДФ формат од Тезата, во Студентски Прашања.

Библиотеката функционира како посебна работна единица. Постои од формирањето на факултетите и бележи постојан подем во своето работење, вбројуваќи се, во моментов, во редот на најуспешните високошколски библиотеки во земјава.Библиотеката работи според важечките меѓународни библиотечни стандарди, а воведeна е и компјутеризација на сите работни процеси во библиотеката, со што таа претставува и современа информативно-документаристичка служба.

 

Услови за користење на библиотеката

Студентот може да позајмува книги само лично, со индекс заверен за тековната учебна година. При секоја посета на библиотеката, за читање или изнајмување книги, задолжителна е идентификацијата со индекс. На почеток на семестарот студентот добива печат дека е задолжен а на крајот на семестарот се раздолжува за што повторно добива верификација во индексот со печат дека е раздолжен. Индексот е задолжителен при првото доаѓање во библиотеката, за да се евидентира со печат во него добивањето на картон, со кој понатаму ќе можат да се позајмуваат книги и на почетокот и на крајот на семестарот, за евиденција со печат за задолженост, односно раздолженост со книги. Печатот за раздолженост е услов за заверка на семестарот.

Студентот, во еден момент, може да користи најмногу четири книги. Книгите може да ги задржи според критериумите, кои зависат од видот на библиотечен материјал. Книгите кои библиотеката ги има во еден примерок, се користат во просториите на библиотеката – во читалната, а по исклучок се изнајмуваат на еден ден со депонирање на индексот. Книгите кои ги има во неколку примероци, но недоволно за вкупната целна група на кои и се потребни се изнајмуваат на неколку дена, во договор со Раководителот на библиотеката или со Помошниците библиотекари, исто така со депонирање на индекс. Списанијата, магистерските трудови и речниците се достапни само во просториите на библитеката. Скриптите и книгите кои ги има во доволен број примероци можат да се користат во текот на целиот семестар, но најмногу една календарска година. Исклучок се неколку примероци на книги, кои ги има во поголем број и кои можат да се користат во првите три години на студирање, со обврзно договарање со одговорните лица.

При отпис од Факултетот, односно со завршување на студиите, студентот има обврска да ги врати сите позајмени библиотечни единици, за што добива писмена потврда.

 

Услови за добивање на потврда од библиотека за уверение за магистер

Студентите кои магистрирале неопходно е:

  • Да се раздолжат со сите книги кои ги должат во Библиотеката
  • Да донесат укоричена верзија од Магистерската Тема, посебно графички дел во А3 формат и А4 текстуален дел. Обата дела треба да се укоричени во тврд повез со сива позадина и текст испишан со црна боја
  • Да донесат ЦД или ДВД со снимени фајлови во ПДФ формат, два документи, од кои едниот е текстуалниот дел а другиот е графичкиот дел. Пожелно е ПДФ документите да бидат што помали, за да заземаат што помалку простор.

 Мисија

Библиотеката на Архитектонскиот факултет од Скопје спаѓа во редот на академските, односно високошколските библиотеки и нејзината мисија е да ја поддржи мисијата на Факултетот, овозможувајќи пристап до изворите на знаења и информации. Се стреми кон успешно пружање на поддршка на наставата и научната работа и претставува агилна информациска установа која на своите корисници - студентите, наставниот кадар и научниците - им осигурува услови за учење и истражувачка работа преку примена на новите технологии. Таа е активен партнер на Факултетот и на самиот Универзитет во промовирањето на перманентното образование и информациската писменост и во оформувањето на млади луѓе кои ќе бидат свесни дека студирањето е само почеток на процесот на постојаното учење.

Визија

Библиотеката во иднина ја гледаме како главен центар на знаења од сите области кои ги опфаќа Факултетот, промотор на новите тенденции во библиотекарството и другите информациски науки и институција која успешно ги комбинира сите видови извори на информации, како традиционални, така и современи, и е незаменлив дел од образовниот процес и научните истражувања.

Функција

Библиотеката врши набавка на секаков вид библиотечен материјал (книги, списанија, стандарди), согласно потребите на своите корисници, врши обработка и средување на тој материјал според меѓународните библиотечни стандарди и им овозможува на своите корисници брз и едноставен достап до информации во врска со книжниот фонд.

Книжен фонд

Книжниот фонд на библиотеката го сочинува стручна литература од областа на архитектурата и неа сродните науки и дисциплини. Според обемот на книжниот фонд библиотеката е една од најбогатите високошколски библиотеки кај нас. Фондот постојано се збогатува и, во моментов, Библиотеката на Архитектонскиот факултет располага со околу 10.000 книги, и 6.000 списанија и часописи.

Во овој број спаѓаат и посебните збирки на докторски дисертации, магистерски трудови, речници и прирачници, материјали од научни собири и конференции, стандарди и сл.

Книжниот фонд им е достапен на корисниците преку класични библиотечни каталози.

Корисници

Услугите на библиотеката ги користат сите студенти на Архитектонскиот факултет, наставнииот кадар и останатите вработени.

Бројот на публикации што се даваат на користење и времето на користење се ограничени.

Студентот може да позајмува книги само лично, со индекс заверен за тековната учебна година. При секоја посета на библиотеката, за читање или изнајмување книги, адолжителна е идентификацијата со индекс. На почеток на семестарот студентот добива печат дека е задолжен а на крајот на семестарот се раздолжува за што повторно добива верификација во индексот со печат дека е раздолжен.

Студентот на додипломските студии, во еден момент, може да користи најмногу четири книги. Книгите може да ги задржи според критериумите, кои зависат од видот на библиотечен материјал. Книгите кои библиотеката ги има во еден примерок, се користат во просториите на библиотеката – во читалната, а по исклучок се изнајмуваат на еден ден со депонирање на индексот. Книгите кои ги има во неколку примероци, но недоволно за вкупната целна група на кои и се потребни се изнајмуваат на неколку дена,во договор со Раководителот на библиотеката или со Помошниците библиотекари, исто така со депонирање на индекс. Списанијата, магистерските трудови и речниците се достапни само во просториите на библитеката. Скриптите и книгите кои ги има во доволен број примероци можат да се користат во текот на целиот семестар, но најмногу една календарска година. На крајот на семестарот студентот задолжително се раздолжува, што се верификува со печат во индексот.

При отпис од Факултетот, односно со завршување на студиите, студентот има обврска да ги врати сите позајмени библиотечни единици, за што добива писмена потврда.

Иако библиотеката е од затворен тип, таа е достапна и за надворешни корисници, се во интерес на доброто библиотечно работење и библиотекарската етика.

Посебни услуги

Библиотеката има воспоставено активна соработка со НУБ "Св. Климент Охридски" и во таа смисла постои можност за користење на повеќе домашни и странски бази на податоци.

Библиотеката е вклучена и во системот на меѓународната библиотечна позајмица, со што на корисниците им е овозможено да добиваат на користење, на одредено време, секаков вид библиотечен материјал од повеќе библиотеки во светот.

Раководител на Библиотека

 д-р Меланија Шерденковска инж.арх.урб.

 тел. +389/2/3116328 / 155

          +389/2/3116367

 bibliotekaОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.