arh    UKIM-znak10

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

instagram twit facebook mail

iknow

menu

menuB

   70GAFS

Gradovite i privremeniot urbanizam

 

Предавање на проф. Лорен Андерс, кое во понеделник, 9.12.2019 година со почеток во 18.30 часот ќе одржи во Музејот на соверемената уметност во Скопје.
Предавањето насловено „Градовите и привремениот урбанизам“ се однесува на прашањето како „привремениот урбанизам“ (temporary urbanism) може да претставува одговор на специфичните потреби на градовите, односно да биде пристап кон трансформацијата на нивните социо-економски простори и урбани контексти. Значењето и практикувањето на привремениот урбанизам, покрај од архитекти и урбанисти, исто така станува податлив и применуван од уметници во нивното делување и креирање на содржини и пораки во јавните простори на градовите. 
 
Лорен Андрес е професор по Урбани Студии на Универзитетот во Лондон (UCL University College London) Велика Британија. Нејзините истражувачки и академски интереси се фокусираат на урбаната географија и урбаното планирање во различни просторни и временски опкружувања. Ова ја подразбира динамиката на социјалните, политичките и економските промени во градовите и нивното влијание на различните простори, како и урбаната и животната средина. Нејзините публикации се застапени во престижни списанија како Urban Studies, Environment and Planning А, Urban forum, Regions, International Journal of Urban and Regional Research, Regional studies. Андрес има комплетирано тринаесет меѓународни интердисциплинарни истражувачки проекти во Европа, Јужна и Источна Африка и Бразил.