Проект Скопје се одложува за 2021
Почитувани пријатели и колеги,
Поради континуираното влошување на ситуацијата со Ковид-19 заразата, Проект Скопје е одложен за следната 2021 година. Сметаме дека оваа одлука е најсоодветна и примерена на моментот бидејќи безбедноста на сите говорници и гости на настанот, како и остварување на целите на настанот во безбедни услови е најважно за нас.
Целокупниот програм на настанот, како и поканетите говорници остануваат непроменети како што е наведено на веб страната www.theskopjeproject.com, но учеството на секој поканет предавач ќе биде допонително потврден од страна на организаторите на настанот. Сите евентуални измени во програмата на настанот ќе бидат дополнително објавени на веб страната www.theskopjeproject.com.
Бидете безбедни и грижете се за Вашето здравје и здравјето на Вашите најблиски.
Се гледаме следна година во Скопје!