ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Услови за користење на библиотеката

 

 Студентот може да позајмува книги само лично, со индекс заверен за тековната учебна година. При секоја посета на библиотеката, за читање или изнајмување книги, задолжителна е идентификацијата со индекс. На почеток на семестарот студентот добива печат дека е задолжен а на крајот на семестарот се раздолжува за што повторно добива верификација во индексот со печат дека е раздолжен. Индексот е задолжителен при првото доаѓање во библиотеката, за да се евидентира со печат во него добивањето на картон, со кој понатаму ќе можат да се позајмуваат книги и на почетокот и на крајот на семестарот, за евиденција со печат за задолженост, односно раздолженост со книги. Печатот за раздолженост е услов за заверка на семестарот.
Студентот, во еден момент, може да користи најмногу четири книги. Книгите може да ги задржи според критериумите, кои зависат од видот на библиотечен материјал. Книгите кои библиотеката ги има во еден примерок, се користат во просториите на библиотеката – во читалната, а по исклучок се изнајмуваат на еден ден со депонирање на индексот. Книгите кои ги има во неколку примероци, но недоволно за вкупната целна група на кои и се потребни се изнајмуваат на неколку дена, во договор со Раководителот на библиотеката или со Помошниците библиотекари, исто така со депонирање на индекс. Списанијата, магистерските трудови и речниците се достапни само во просториите на библитеката. Скриптите и книгите кои ги има во доволен број примероци можат да се користат во текот на целиот семестар, но најмногу една календарска година. Исклучок се неколку примероци на книги, кои ги има во поголем број и кои можат да се користат во првите три години на студирање, со обврзно договарање со одговорните лица.
При отпис од Факултетот, односно со завршување на студиите, студентот има обврска да ги врати сите позајмени библиотечни единици, за што добива писмена потврда.


 
Информации околу магистерските тези


 
За евентуално неопходно потребни информации од Магистерските тези, можете да добиете една Магистерска теза во ПДФ формат, доколку се обратите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .
Извршете сопствено пребарување во дата базата која се наоѓа на официјалната страница на Факултетот, во полето Библиотека, Дигитална библиотека, кликнете на сликата и доаѓате до сите информации за вкупната литература во нашата Библиотека.
Пребарувањето можете да го направите по еден или повеќе термини. Под терминот Магистерска ги добивате сите податоци за сите Магистерски теми, за да го поедноставите пребарувањето додадете Автор, Ментор, Тема или клучен збор.
За да ги добиете потребните документи, неопходно е да се претставите со име, презиме и број на индекс. Од информациите неопходно е да наведете само автор на Темата. Изберете ја онаа Тема која најмногу Ви одговара и евентуално уште една, доколку од некоја причина посочената не се наоѓа во дата базата.


 
 
Услови за добивање на потврда од библиотека за да се добие уверение  Магистер


 
Студентите кои магистрирале неопходно е:

  • Да се раздолжат со сите книги кои ги должат во Библиотеката
  • Да донесат укоричена верзија од Магистерската Тема, посебно графички дел во А3 формат и А4 текстуален дел. Обата дела треба да се укоричени во тврд повез со сива позадина и текст испишан со црна боја
  • Да донесат ЦД или ДВД со снимени фајлови во ПДФ формат, два документи, од кои едниот е текстуалниот дел а другиот е графичкиот дел. Пожелно е ПДФ документите да бидат што помали, за да заземаат што помалку простор.