Space:Maker
Втора меѓународна работилница за параметрички дизајн и дигитална фабрикација
Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопјево соработка со Епитом колектив од Истанбул ја организираат втората меѓународна работилница за параметричко обликување и дигитална фабрикација во Скопје. Работилницата ќе ги промовира иновативните методологии на параметричко проектирање со интегрирање на комплексни структури во архитектонското обликување, тестирање на добиените структурни и просторни резултати во мерка 1:1.Ќе се користат параметрички софтверски алатки за анализа, генерирање и симулација на тридимензионални структури и форми, а финалниот производ ќе биде павиљон кој ке се користи како посебен простор за изложување на делата на студентите изведен на Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Работилницата ќе се оджи во просториите на УАКС-Факултет за архитектура и дизајн (понеделник 20.04. до среда 22.04.) и Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје (од четврток 20-ти април до сабота, 26-ти април, 2015 година).
Учесници и котизација:
Учесниците на работилницата треба да се студенти на технички науки и да имаат основни познавања во користењето на компјутерии Computer Aided Design.Регистрацијата за работилницата ќе започне од 1-ви април, 2015 година, со испраќање на кратко CV на следната е-маил адреса:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Бројот на учесници е ограничен на максимум 30, а за реализација на работилницата потребно е да се пријават минимум 17 учесници. Уплатата за учество на работилницата изнесува 6000 денари. Крајниот рок за пријавување е 17 април, 2015 година. Уплатата треба да се изврши нa сметката која е објавена на веб страницата на www.skolab.com