Откако апликантите ќе ја пополнат и снимат пополнетата пријава најдоцна до 6.10.2023 год. треба да ја испратат на мејл адресата:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
заедно со сите потребни документи снимени во pdf формат.
Комисијата прави евалуација и проверка на веродостојноста на поднесената пријава и документација врз база на која самостојно ги пресметува поените и прави на Ранг листа за секоја студиска година посебно.
Ранг листите се објавуваат на интернет страницата на Факултетот најдоцна до 13.10.2023 год.
Апликантите имаат право на приговор по објавените ранг листи најдоцна до 20.10.2023 год.
Комисијата ги разгледува и одговара на поднесените приговори во рок од 5 работни дена. Доколку Комисијата утврди дека некој апликант поднел документација која не е веродостојна, истиот се симнува од Ранг листата.
ПРВОРАНГИРАНИТЕ КАНДИДАТИ ОД СЕКОЈА ЛИСТА ЈА СОЧИНУВААТ КОНЕЧНАТА РАНГ ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ НА ПОГОДНОСТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УПИСНИНАТА НА ЕДИНИЦАТА.
Конечната ранг листа Комисијата ја објавува најдоцна до 27.10.2023 година.