ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

7-ми Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан во Ријека

Универзитетите како промотори на академското и научното обединување на регионот на Југоисточна Европа и Западен Балкан

На Универзитетот во Ријека на 4-ти и 5-ти Септември, 2023 година се одржа седмата средба на Ректорскиот форум на универзитетите од Југоисточна Европа и Западен Балкан.Основан во 2018 година, Ректорскиот форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан опфаќа 30 универзитети од регионот и е посветен на унапредување на соработката меѓу универзитетите и научните институции во регионот.

Во последните две години Ректорскиот форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан се издигнува како клучна мрежа на универзитети од регионот кои го формираат високобразовниот простор на регионот и ги обликуваат клучните политиките на развој на високото образование и науката.

Ректорскиот форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан е посветен на решавање на клучните прашања, промовирање на европската политика во високото образование и истражувањето во рамките на регионот, споделување на добри практики, подготовка на заеднички проекти, воедначување на законодавството, поттикнување на размена на кадри и студенти итн. Во рамките на Ректорскиот форум делуваат три работни групи, Работната група за унапредување на образованието и научните политики во ЈИЕ, Работната група за унапредување на високо образовните програми во ЈИЕ и Работна група за унапредување на истражувањата и иновациите во ЈИЕ.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е член на Ректорскиот форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан од неговото основање и во континуитет активно придонесува во создавањето и реализацијата на активностите и придобивките на форумот во регионот. На средбата во Ријека претставниците на универзитетите – членки на Ректорскиот форум констатираа дека на нашиот регион му се потребни нови визии и политики кои се залагаат за граѓански, демократски, мултиетнички, мултиконфесионални, отворени, плурални и инклузивни академски заедници кои се лидери во промоција и унапредување на соработката и развојот на нашите општества и земји.

На состанокот на Ректорскиот форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, на кој учествуваа 70 универзитетски претставници, од кои 17 ректори и повеќе од 20 проректори, беа усвоени организациски правила и потврдени три работни групи, односно за образование, високообразовна политика и истражување и иновации. Работните групи веќе подготвија конкретни програми за работа, меѓу кои и како да се подобри соработката во регионот, како да им помогнеме на универзитетите членки да бидат поуспешни во добивањето на европски проекти, како и да се поттикне мобилноста на наставниот кадар.