Архитектонскиот факултет во Скопје е дел од организацијата на серија работилници кои се одржуваат во рамките на меѓународниот научен проект COST Action 18126 – Writing Urban Places. New Narratives of the European City раководен од Техничкиот универзитет во Делфт (TU Delft). Работилницата во Скопје носи наслов Skopje Brutalism Trail и ќе се реализира во соработка со АКТО фестивалот за визуелни и изведувачки уметности со гости и тутори од повеќе земји. Повеќе за темата на работилницата како и апликација за учество може да се добие на овој ЛИНК.
*На работилницата може да земат учество студенти од четврта и петта година како и студентите на докторските студии на Архитектонскиот факултет Скопје