ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

 Zan Molitor - bau1haus

Во вторник, 5.11.2019 година, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност - Скопје ќе биде отворена изложбата „Бау1хаус“ (bau1haus) на берлинскиот фотограф Жан Молитор. Изложбата се реализира во соработка помеѓу Амбасадата на Германија, Архитектонскиот факултет во Скопје и Музејот на современата уметност - Скопје и е по повод стогодишнината на познатата и исклучително влијателна школа - Баухаус. Постановката свечено ќе ја отвори Амбасадорот на Германија, Томас Герберих, а кратки обраќања за значењето на Баухаус и за изложбата ќе имаат и авторот Жан Молитор и доц. д-р Ана Ивановска Дескова, од Архитектонскиот факултет - Скопје.

Жан Молитор патува низ светот веќе десет години, поттикнат од визијата да создаде меѓународна фотоархива на градбите на Модерната, која од 2016 г. научно е поддржана од историчарката по архитектура, д-р Каија Фос. Во проектот  „bau1haus“, Молитор има за цел да го документира меѓународното влијание на Баухаус врз развојот на модерната архитектура. Притоа, тој сака да ги прикаже глобалните врски и космополитската размена на модерното градење.

Областа на истражување се протега од Вајмар, каде што во 1919 г. е основано легендарното уметничко училиште Баухаус, преку цела Европа до Африка, Америка и Азија. Изложбата на фотографии патува во места каде што луѓето со децении живеат со своите архитектонски богатства, но можеби не се секогаш свесни за нив. Речиси секаде има изненадувачки траги на Модерната: меѓу Берлин и Кабул, Штутгарт и Тел Авив, Санкт-Петербург и Хавана, во Гватемала или во Букаву во Конго се наоѓаат секогаш одново врвни дела на градежната уметност без кич.

Изложбата во различни комплекси се доближува до целиот спектар на модерното градење. Во центар на вниманието не се архитектонските икони како мајсторските куќи во Десау, туку пред сѐзградиштогодокументираатмеѓународниотдухнавреметовонивнотосекојдневие, меѓунив, станбениповршини, кина, училишта, населби, театри, вили, болници, бензискипумпиииндустриски градби. Тие ги отсликуваат и итните прашања на првата половина од 20 век: нова мобилност, социјална градба на станови, градска хигиена, медицинска грижа како и настојувањето за образование и активности во слободното време.

Преку висококвалитетни црно-бели фотографии, прочистени од секакви влијанија што пречат, Молитор се концентрира со трезвен поглед на естетиката на архитектурата.