Свечено доделување на наградата „Тигрите“ за најдобра магистерска работа на Архитектонскиот факултет во Скопје во изминатите 12 месеци, која во организација Полската амбасада во Скопје и Архитектонскиот факултет беше доделена по вторпат. Добитник на наградата „Тигрите“ е м-р Ружица Минова. Свечениот настан се одржа во Музејот на град Скопје на 12.06.2018-та година, во рамки на отворањето на изложбата “Вечноста и моментот 1918-1939 година - архитектурата како алатка во изградбата на полскиот национален идентитет”. Автор на фотографиите е Елена Фидановска.