ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Почитувани,

Ве известуваме дека денес, на 09.11.2017 година, неколку минути по 9 часот наутро, во објектот на Архитектонскиот и Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во работни простории за наставници - избувна пожар.

Благодарение на брзата, присебна и навремена реакција на нашите вработени: Симе Бужаровски, Бојан Каранаков, Тана Кулеван, Наде Велковска, Наташа Јовановска, како и на други вработени од Архитектонскиот и од Градежниот факултет, сите студенти и наставници кои во моментот се наоѓаа во објектот беа безбедно евакуирани, а истовремено беше започнато и со примарна локализација на пожарот. Кратко по пријавувањето на настанот во Противпожарната бригада на Град Скопје, на опожарениот простор беше интервенирано со 12 противпожарни возила и 26 пожарникари, по што за кратко време пожарот беше локализиран. Во оваа прилика сакаме да им изразиме исклучителна благодарност на членовите на Противпожарната бригада на Град Скопје за покажаното знаење, пожртвуваност и висок професионализам.

Во времетраење на интервенцијата на противпожарните служби, местото на настанот го посетија Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – проф. д-р Никола Јанкуловски, Министерката за образование и наука – проф. д-р Рената Тренеска Дескоска, како и Градоначалникот на град Скопје – Петре Шилегов, на кои сме им благодарни за искажаната грижа и ветувањата за интервентна помош наменета за консолидирање на последиците од пожарот.

По целосната локализација на пожарот, повеќе екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во опожарениот дел на објектот, по што извршија и службен разговор со надлежните од двата факултети, како и со сведоците на настанот. До моментот на ова соопштение, надлежните служби на Министерството за внатрешни работи се уште не ги утврдиле причините за избувнувањето на пожарот, со што сакаме да ги демантираме сите шпекулации за причините за пожарот објавени во одредени медиуми.

Заради неопходноста од утврдување на степеност на оштетеност на објектот, како и заради неопходноста од санација на просторот до степен да во него безбедно и непречено може да се одржува настава, на вонредната седница на Деканатската управа на Архитектонскиот факултет во Скопје беше одлучено дека во петок, 10 ноември и понеделник, 13 ноември, на Архитектонскиот факултет во Скопје нема да се одржува настава и дека престојот во објектот за сите студенти ќе биде забранет. Студентите и вработените на Архитектонскиот факултет во Скопје ќе бидат дополнително информирани за денот на отпочнување на наставата во понеделник, 13 ноември, преку соопштение.

Во оваа прилика ги информираме студентите на Архитектонскиот факултет кои во процесот на евакуација на објектот го оставија својот работен прибор во училниците 227 и 228 (во јужното крило) и во Големата сала, дека споменатите простории ќе останат заклучени се до првиот работен ден во 09 часот наутро. Исто така, ги информираме студентите дека сите колоквиуми кои беа прекинати заради пожарот, односно беа планирани да се одржат во текот на утрешниот ден (петок, 10 ноември), ќе бидат одржани во друг термин кој ќе биде дополнително утврден во координација помеѓу студентите, предметните наставници и продеканот за наставно-научни и студентски прашања.

Истовремено би сакале да ги известиме сите студенти и вработени на Архитектонскиот факултет во Скопје, како и сите заинтересирани дека предавањето на гостите професори од Норвешка – проф. Маријане Шулхауг и проф. Луис Калјехас, претходно закажано да се одржи на 10 ноември во 18.30 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет, ќе се одржи во истото време, но во просториите на Музејот на современата уметност во Скопје. Во оваа прилика сакаме да изразиме благодарност до НУ Музеј на современата уметност што им излегува во пресрет на нашите заложби за непречено продолжување на барем еден дел од образовните активности на факултетот.

На сите колеги и пријатели кои изкажаа загриженост околу денешните настани на Архитектонскиот факултет во Скопје, како и сите оние кои понудија помош во справувањето со последиците - искрено им благодариме за поддршката.

Со почит,

Деканатот на Архитектонскиот факултет во Скопје