ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Final Poster Christoph Kumpusch

Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве кани на третото предавање од серијата Декански предавања. Предавањето на архитектот, професор Кристоф Кумпуш е насловено: „Коса црта нанапред ( / ) АКЦИИ&ЗАСТАПУВАЊА“, а ќе се одржи во четврток на 17. декември 2020 год. со почеток во 19:00 часот преку платформата Zoom.
Приклучете се на Zoom средбата преку следниов линк:


https://us02web.zoom.us/j/85991370232

Кристоф а. Кумпуш е архитект со седиште во Њујорк, директор на Коса црта нанапред ( / ) Архитектур и ко-основач на Институтот за градови кои мутираат. Тој предава проектирање во Студио како и предмети за Визуелни студии на студиските програми по Архитектура и недвижнини на Дипломската школа за архитектура, планирање и заштита на Универзитетот Колумбија, каде што исто така, ја раководи и Лабораторијата за екстракција.
Кумпуш е директор на Коса црта нанапред ( / ), мултидисциплинарна пракса основана во 2008 година, и шеф на Коса црта наназад, експериментално крило на Коса црта нанапред (/), кое ја истражува технологијата и материјалните ефекти врз човештвото, формата и тектониката. Својата работа ја темели на концентрирана истражувачка програма, насочена кон архитектонски детали и ширењето на новите градби од нивните најситни делови нанадвор. Паралелно со оваа работа, во тек е и теоретски проект, кој ги идентификува историските и културните контексти предизвикани од деталите и општествената иновација. Неговото биро истовремено се занимава со дизајн и издаваштво, од кое произлегуваат есеи, книги, изложби, инсталации, подкасти, претстави, филмови и згради.
Кумпуш е стипендист на Леонардо да Винчи, стипендист на Рудолф М. Шиндлер, Резидентен архитект на центарот МАК, Стипендист на Армијата на САД, добитник на Националната колегијална награда за инженерство и грантист на Фондацијата Греам во 2013 и 2015 година. Кумпуш е коавтор на Систем Виена; уредник на ИДЕА(у)топсија; ИДЕА(Л); Изградени идеи; Павилјонот на светлината (Lars Müller Publishers, 2013); Урбани надежи - Произведено во Кина (Lars Müller Publishers, 2014); Детал Култур - Ако зградите имаа ДНК (на англиски и кинески јазик) (AADCU, 2016) и Детал Култур - ако зградите имаа ДНК (на арапски јазик) (Dongola, 2020).
Кристоф Кумпуш ги координирал Архитектонските студијата во Дипломската школа за архитектура, планирање и заштита на Универзитетот Колумбија од 2015 до 2018 година. Претходно предавал на Колеџот за архитектура, уметност и планирање на Универзитетот Корнел, Архитектонската школа на Ирвин Чанин, Купер Унија, Архитектонската школа при Институтот за технологија на Масачусетс, Државниот универзитет во Охајо, на Архитектонската школа и Одделот за хуманистички и медиумски студии на Институтот Прат, како и на Архитектонскиот институт на Јужна Калифорнија. Бил поканет како учесник во жири на Универзитетот Харвард, Универзитетот Јеил, Универзитетот на Јужна Калифорнија, Архитектонската Асоцијација, Универзитетот „Бартлет и Гринич“ во Лондон, Универзитет „ХКУ“ од Хонгконг, Националната школа за архитектура во Марсеј и Средно источната лабораторијата за архитектура во Дубаи, тој е и надворешен испитувач на докторските студии на Архитектонската Асоцијација.
Во 2010 година, Кумпуш заедно со Јоумна Члала го основал Институтот за градови кои мутираат. Во 2012 година Кумпуш докторира на тема „Детал Култур - ако зградите имаa ДНК: Студии на случај на мутации“ на Универзитетот за применети уметности во Виена. Неговите неодамнешни проекти вклучуваат: игралиште и резерват за слонови во Патонг, Тајланд; седиште за В-2 Центар за варијабилност за хуманост и културен капитал во Хакни, Лондон, како и физибилити студија за театар и казино во Катманду, Непал. Неодамна го завршува Павилјонот на Светлината во „Исечканиот порозен блок“ во Ченгду, Кина, еден од неколкуте проекти произлезени од едно децениската соработка со Лебеус Вудс. Во моментов се изведува вториот, од неколкуте излози на продавниците за родово не-бинарната модна марка Verv.London од Лондон, во Хакни/Лондон. Оваа есен беа отворени две изложби, првата „Солени работи“ во МАК центарот во Лос Анџелес и втората „Детали за течност“ во Австрискиот културен форум на Њујорк во Њујорк. Изградбата на Центар за рамноправност и екологија, кој вклучува програма за престој на уметници и инженери на тромеѓето на Австрија-Словенија-Унгарија, започнува во август 2020 година.

Коса црта нанапред (/) е победник на меѓународниот конкурс за изградба на првиот центар и театарски простор за Перформа 15 - светски познато место за изведувачки уметности во Трајбека во Њујорк. Во 2018 година, бирото учествува и влегува во потесен избор на конкурсот за Храмот на „Burning man“. Ова лето Коса црта нанапред победи на конкурсот за мастерплан за еколошко одморалиште на Хималаите, Непал, кој ќе се реализира.