arh    UKIM-znak10

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

instagram twit facebook mail

iknow

menu

menuB

   70GAFS

POSTER-DAG BOUTSEN-POSTER

ПРЕДАВАЊЕ на проф. Даг Боутсен

Ве покануваме да присуствувате на предавањето на професор Даг Боутсен, декан на Архитектонскиот факултет на Католичкиот Универзитетот Лувен, Белгија. Предавањето ќе се одржи во четврток, 05.12.2019 година со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје.

Предавањето е организирано во рамките на програмата „Деканската серија на предавања“ фокусирани на педагогијата и современата практика во архитектурата.

Даг Боутсен е белгиски архитект со големо искуство и проекти реализирани во Холандија, Франција и Германија. Неговото богато проектантско и педагошко искуство се развива во соработка со Лусиен Крол на бројни станбени и училишни комплекси проектирани низ партиципативни работилници. Потрагата по вистинската улога на архитектурата и нејзината општествената позиција, истражувачките основи и педагогија на проектот е во фокусот на професор Даг Боутсен уште од 2009 година.

Професор Даг Боутсен е декан на Архитектонскиот факултет КУ Лувен и работи во кампусите во Брисел и Гент. Како декан на Архитектонски факултет кој припаѓа на еден од најстарите и на меѓународно високо рангираните универзитети во Европа и пошироко, тој смета дека создавањето на просторот за педагогијата во архитектурата е негова главна должност. Заедно со бројни колеги на неговиот факултет, тој е вклучен во активности поврзани со EAAE, организатор е на CA²Re-конференции, ADAPT-r, ARENA, не-пишано истражувачко искуство, креатор на eCAADe, експериментални наставни програми, образование во повеќе кампуси, номадски училишта, европска размена и меѓународни работилници.