

Годишната конференција на докторските студии по архитектура и урбанизам во летниот семестар од учебната 2025/2026 година ќе се одржи на 27.5 и 28.5.2026 година, со почеток во 9:00 часот, во рамки на заедничката годишна конференција на докторските студии од подрачјето на техничко-технолошките науки, чиј овогодишен домаќин е Градежниот факултет во Скопје. Свеченото отворање на заедничката годишна конференција на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи во тркалезната сала во Ректоратот на Универзитетот на 26.5.2026 година со почеток во 12:00 часот, најпрво со обраќање на ректорката на Универзитетот – проф. д-р Билјана Ангелова, по што проф. д-р Димитар Трајанов ќе одржи предавање насловено: „Еволуцијата на вештачката интелигенција: од модели кон автономни агенти“. Во прилог е линк до Поаната за отворањето и Програмата на годишната конференцијата на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во организација на Школата за докторски студии на Универзитетот.
ПРЕЗЕМЕТЕ: Програма на Годишната конференција...