
Со цел да се поттикне подиректна комуникација, соработка и размена на знаења меѓу докторандите и наставниците од различни технички факултети, Советот на докторските студии по архитектура и урбанизам на Архитектонскиот факултет во Скопје и Советот на докторските студии по Градежништво на Градежниот факултет во Скопје, во координација со Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, организираа годишна конференеција што се одржа на 18.12.2025 година во аудиториумот на Архитектонскиот факултет во Скопје. На годишната конференција земаа учество вкупно 14 докторанди, од кои 2 докторанди од студиската програма по градежништво и 12 докторанди од студиската програма по архитектура и урбанизам, кои имаа јавно претставување на своите истражувања.