
На 30.10.2025 (четврток) во аудиториум (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 19.00 часот во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, м-р арх. Константин Трпеноски ќе има свое излагање на тема: Ефемерна архитектура: Перформативни простори.

Костантин Трпеноски (1984) е архитект и сценограф. Студирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Техничкиот универзитет во Виена под менторство на архитектот William Alsop.
Неговата работа опфаќа проекти од сценски дизајн и концептуална архитектура, истражувајќи ја границата меѓу уметноста и архитектонската практика.
Трпеноски е основач e на студиото MVV.DESIGN. Учествувал на повеќе изложби за архитектура и дизајн и добитник е на неколку значајни награди меѓу кои: Прва награда за идејно решение за пешачки мост на реката Дрим во Струга, 2011, Прва награда за урбанистичко решение (Простор околу железничката станица во Велс), Австрија, 2018 година, две Втори награди за идејно архитектонско решение за едукативен кампус во Виена, Австрија во 2013 и 2024 година. За неговата работа како сценограф, Трпеноски два пати е добитник на наградата за најдобра сценографија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ Прилеп во 2019 и 2023 година.