Архитектонскиот факултет – Скопје, при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
и
Програма за развој на Обединетите нации
Ве покануваат на
Одбележување на Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи
„Финансирај ја отпорноста, а не катастрофи“
13 октомври 2025
Почитувани,
Имаме особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на настанот по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи (IDDRR) 2025, кој има за цел да ја зголеми свеста и да поттикне активности за создавање побезбедни, поотпорни и одржливи заедници.
Годинешната тема, „Финансирај ја отпорноста, а не катастрофи“, го нагласува значењето на пренасочување на финансиските ресурси од реактивно справување со катастрофи кон проактивна превенција и подготвеност. Настанот ќе обедини студенти, професори, експерти и практичари кои ќе дискутираат како архитектурата, урбанизмот, инженерството и природно базираните решенија можат да придонесат за намалување на ризиците и зајакнување на отпорноста.
Детали за настанот
Датум: Понеделник, 13 октомври 2025 година
Време: 16:00 – 17:30 часот
Локација: Аудиториум 115, Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
Организатори: Програма за развој на Обединетите нации (УНДП) и Архитектонски факултет