Архитектонски факултет – Скопје Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ПРВ УПИСЕН РОК, учебна 2025/26 година
21.8.2025 година
Соопштение за терминот на полагањето на тестот за склоност за студирање архитектура во учебната 2025/26 година – прв уписен рок
Се известуваат сите кандидати чија пријава е прифатена дека тестот за склоност за студирање архитектура ќе се одржи во понеделник, 25.8.2025 година. Сите кандидати треба да бидат присутни на платото пред главниот влез на Архитектонскиот факултет (влез од бул. „Партизански одреди“) најдоцна во 11.00 часот. Полагањето на приемниот испит трае 90 минути.
Кандидатите со себе задолжително треба да носат валиден документ за идентификација (лична карта или пасош) и треба да го знаат шестоцифрениот број генериран од електронската пријава од iknow системот.
На кандидатите кои ќе пристигнат по предвидениот термин или нема да носат документ за идентификација, нема да им биде дозволено полагање на тестот за склоност за студирање архитектура!