ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

N MEMEORIAM
Проф. Димитрија Ванов (1934 - 2025)

In Memoriam Dimitrija Vanov sl.1

Проф. м-р Димитрија Ванов е роден на 18 септември 1934 г. во Скопје.
На Техничкиот факултет во Скопје – Архитектонски отсек, се запишал во 1952 година, а дипломирал во 1959 година. Од 1959 до 1964 година бил асистент на факултетот по предметите – Нацртна геометрија и Перспектива. По едногодишен студиски престој во Белград, со јавна одбрана на труд во 1965 година хабилитирал и бил избран за доцент на тогашниот Технички факултет. Неговиот ангажман како доцент траел од 1965 до 1973 година, а од 1973 до 1978 година бил вонреден професор. Во 1978 година магистрирал на Архитектонскиот факултет во Белград и се стекнал со академски степен Магистер на архитектонски науки. Во 1978 бил избран за редовен професор во Институтот за Графички комуникации при Архитектонскиот факултет - Скопје каде работел до своето пензионирање во 1999 година.


Покрај неговата исклучителна педагошка и наставна дејност, реализирал бројни научни и стручни трудови, од кои повеќето биле објавени, презентирани или прифатени за објавување. Од особено значење и придонес се: Хабилитациониот труд, учебникот Нацртна геометрија и неговиот прв оригинален труд на тема: Конструктивна обработка на коса перспектива.


Проф. Ванов бил истакнат и во неговата апликативна дејност како проектант архитект и урбанист. Како автор или коавтор изработил над 30 идејни и главни архитектонско - урбанистички проекти меѓу кои основен урбанистички план на градските центри на Куманово и Струга, идеен и главен проект на регулацијата на реката Ибар во Косовска Митровица и др.
Како коавтор учествувал на над 15 јавни архитектонско-урбанистички конкурси, со особено завидни резултати – 6 први награди.
Освоил I награда за центарот на Бања Лука (од 35 трудови), II награда за центарот на Винковци, I награда за снабдувачкиот центар на Бит Пазар во Скопје, I награда за центарот на Куманово, I награда за центарот на Струга итн.


За својата успешна долгорочна наставно-педагошка работа, како универзитетски професор, во 1989 година, на прославата на 40 години Универзитет во Скопје, бил одликуван со Орден на трудот со златен венец.


Дипломската работа на проф. Ванов во 1959 година била прва дипломска во областа на урбанистичкото проектирање на нашиот Универзитет.
Проф. Ванов бил и прв наставник избран во звањето доцент од Техничките факултети (еден од првите на Универзитетот) од сите генерации студенти запишани на факултетот од неговото формирање во 1949 година.


Слава му!