ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

IN MEMEORIAM
Проф. Владимир Бошковски (1944 - 2025)

prof.Vladimir Boshkovski

Проф. Владимир Бошковски е роден во Скопје во 1944 година. Основно образо-вание и гимназија завршил во родниот град во учебната 1962/63 година.

Во летото 1963 година, преку Заводот за заштита на спомениците и културното населедсво на СРМ, учествувал во изготвување на документација за големите и мали терми, Синагогата и Полихармосовата палата во археолошкиот локалитет Стоби. Уште тогаш тој навлегол во тајните на вонвременската архитектура.

Во јуни 1968 година дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет - Оддел архитектура во Скопје. Сериозни афинитети и дарба кон поширокиот опсег и интерес кон дисциплината на архитектурата пројавил и за време на студиите. Така, од есента 1965 година до дипломирањето бил ангажиран како демонстратор по предметите архитектонски конструкции. Исто така, како студент, во соработка со Проф. Б. Чипан и тогаш асистент Живко Поповски учествувал на неколку јавни и анoнимни архитектонско-урбанистички конкурси кои беа високо вреднувани и наградени. Во есента 1968 година бил избран за асистент на Архитектонско-градежниот факултет - Оддел архитектура по предметите архитектонски конструкции.

Во 1981 година одбранил хабилитациски труд под наслов: “Деталот во просторот и архитектонскиот објект” по што, во истата година, бил избран во звањето доцент во Институтот за високоградба на Архитектонскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје по групата предмети архитектонски конструкции и материјализација на архитектонски простор. Истата година, со одлука на ННС на факултетот, избран е и за професор по предметот внатрешна архитектура и проектирање на Шумарскиот факуктет во Скопје. Во истото звање е преизбран во 1987 година (Универзитетски билтен бр. 483).

Во 1992 година e избран во звањето вонреден професор во Институтот за високоградба на Архитектонскиот факултет по предметите  “Структурни системи и технологии на градење” и “Детал и обработка на архитектонски простор”. Како професор и ментор увествувал и во работата на Летната школа за архитектура, Сесија ‘96 во манастирот Св. Јоаким Осоговски на тема “Архитектура и природа”.

Особено е интересeн неговиот афинитет и несекојдневна  сликарска дарба кон сликарството и особено акварелот.Во 1993 година Владимир Бошковски е избран за редовен член на ДЛУМ по што, во следните неколку години своите дела ги изложувал на бројни самостојни изложби во некои од најпознатите ликовни салони и изложбени галерии во Македонија (Даут Пашин амам, КИЦ-Скопје, Салонот на ДЛУМ , Народен Музеј Струга, Скопски саем...).