Според календарот објавен во Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година приемниот испит на Архитектонскиот факултет Скопје ќе се одржи на 2ри септември 2024 со почеток во 10:00 часот.
Кандидатите треба да бидат во дворот, пред главниот влез на Архитектонскиот факултет - Скопје најдоцна во 9:30 часот.