ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Предметнапрограмаод интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) студии по архитектура

1.

Наслов нанаставниотпредмет

Пластично обликување

2.

Код

2.10.34

3.

Студиска програма

Архитектура

4.

Организатор настудиската програма(единица, односно институт,катедра, оддел)

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Архитектонски факултет – Скопје

Институт за заштита на градителско наследство и

историја на архитектурата

5.

Степен

Прв циклуснастудии

6.

Академска година/семестар

II год. / 3 и 4сем.

7.

Број на ЕКТС

4 (2+2)

8.

Наставник

Проф. м-р Елизабета Аврамовска

Вон. проф. м-р Наташа Милованчев

9.

Предусловзазапишување на

предметот

Ликовно изразување

10.

Цели напредметнатапрограма (компетенции):

Натамошно развивање на моќта за перцепција и визуелизација на просторот како неопходен феномен во самиот процес на креирање на простор кај идните архитекти низ аспектот на Формата и Бојата. Покрај бавењето со артикулација на личниот израз на студентот, предметот цели да ја поттикне и развие способноста за концептуално размислување и артикулирање на идејата. За да може да се роди идеја за одреден простор, да се замисли простор воопшто, потребно е да се поттикнува и развива визуелниот начин на размислување. Развој на индивидуалните способности, умеења и знаења на студентите за пластично-тродимензионално ликовно изразување и аплицирање на стекнатите искуства во другите области на нивно професионално оформување. Воедно, будење на интерес кај нив за истражување и експериментирање во ликовно-творечкиот процес и користење на разни сликарско-обликовни техники. Целта е преку совладување на истите, да се создадат услови за непречено изразување на интелектот, имагинацијата и фантазијата.

11.

Содржина на програмата:

Прв семестар: Вовед: значење на предметот Пластично обликување; Светлина и вид, Боја – потекло, значење и улога на бојата: естетска, психолошка, симболична, ин­формативна; Спектар на бои, основни карактеристики, ахроматика и хроматика, Видови бои и нивно мешање и сложување, Релативност на хроматските односи; Моделација и модулација како сликарски постапки ­сугерирање на простор и волумен, Градација на боја: валерска и тонска вредност, Атмосферска/тонска/колористичка перспектива -дистанца и простор, Студија на ентериер: бојата во претставување на ликовниот и архитектонски простор -анализа на просторното дејство на бојата. Cликарски техники: моливи во боја, пастел и темпера Втор семестар: Монохроматска композиција/тонско сликање и композиција со сложени хромат­ски односи; Копија по зададена репродукција/транскрипција на даден модел; Апстрахирање на волумен и форма: oд фигуративна кон апстрактна компози­ција; Поедноставување на форма -занемарување на детал и илустративност; Интервал и ритам, динамично и статично; Колаж и неговите идејно-естетски значења: црно-бел и колористички, текстура на површини; Од колаж до релјеф / асамблаж: трансформација на дводимензионален во тродимензионален простор; Анализа на форма: негативна и позитивна (полно и празно), Просторен модел/слободно-стоечки објект; Студија на екстериер/урбан простор и природен пејзаж: перцепирање и анализа на истиот како активно истражување со акцент на колористичко решавање Cликарски техники: акварел, колаж, релјеф од картон, асамблаж/објект од ре­циклирани матерјали и просторен модел од картон. Практична настава: вежбите се предвидени за изработка на графички прилози и практична примена на проблематиката дискутирана на предавањата низ одреден број апстрактно концепирани вежби, реалистични прикази и транспонирање на дадени просторни поставки.

12.

Методи нa учење:

Основни методи на работа на предметот Пластично обликување се: анализа, компарација, редукција, синтеза и концептуалност.

Наставата се одвива преку аудиовизуелни предавања и вежби. Вежбите се предвидени за изработка на графички прилози и практична примена на проблематиката дискутирана на предавањата. Се предвидуваат и гостувања на ликовни уметници, дизајнери, дипломирани архитекти, писатели и музичари, воопшто афирмирани автори од областа на уметноста, во зависност од полето на интерес. Повремено, во зависност од тековните изложби во градот, се предвидува работна посета на референтни изложби.

13.

Вкупенрасположив фонд начасови

100 (50+50) часови

14.

Распределбанарасположивотовреме

30+60+0+0+10 часови

15.

Форми нанаставниактивности

15.1.

Предавања-теоретска настава

30 (15+15) часови

15.2.

Вежби(графички, аудиториски и индивидуални)

60 (30+30) часови

16.

Други форми наактивност

16.1.

Проектнизадачи

0 часови

16.2.

Самостојнизадачи

0 часови

16.3.

Домашноучење

10 (5+5)часови

17.

Начиннаоценување (семестрално)

17.1.

Колоквиуми 2

20 бодови

17.2.

Графички вежби

50 бодови

17.3.

Присуство на предавања и вежби

30 бодови

18.

Критериумиза

оцена

(БОДОВИ-ОЦЕНА)

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од51 дo 60 бодови

6ест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум)(D)

од 71до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до90 бодови

9(девет) (B)

од 91до 100 бодови

10(десет) (A)

19.

Условзапотписиполагањена завршен испит

41бод (51 бод во зимскиот семестар)

20.

Јазик накојсеизведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети на студентите и процес на самоевалуација

22.

ЛИТЕРАТУРА

22.1.

Задолжителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година

РудолфАрнхајм, Визуелномишлење, УниверзитетуметностиуБеограду, 1985;

Рудолф Арнхајм, Уметност и визуелно опажање, Универзитет уметности у Београду, 1987;

Johannes Itten, Уметност боје, Уметничка академија, Београд, 1973;

Василиј Кандински, За духовното во уметноста, Култура, Скопје, 1995;

Пол Кле, Записи о уметности, едиција Езотериа, Београд, 1998;

Herbert Read, Umjetnost danas, Mladost, Zagreb, 1957 (Факултетска библиотека);

Монографии: Дега, Лотрек, Сезан, Ван Гог, Сера, Мунк, Пикасо, Брак, Матис, Кандински, Kле, Маљевич, Мондриан, Миро, Швитерс, Вархол и др., едиција Tashen (Факултетска библиотека)

22.2.

Дополнителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година

Препорачана литература од интернет:

Artlex Art Dictionary: http://artlex.com/; Color & Vision matters: http://www.colormatters.com/optics.html; The Principles of Harmony and Contrast of Colors by Michel-Eugène Chevreul – This classic "color theory" text, published in 1839 as The Law of Simultaneous Color Contrast, http://www.handprint.com/HP/WC/book3.html#chevreul