ПРОСТОРНИ АСЕМБЛАЖИ: куќата и личниот простор во услови на континуирано урбано згуснување
Ментор: Доц. д-р. Марија Мано Велевска
И покрај фактот дека денес луѓето се повеќе комуницираат преку различни комуникациски форми во сфери кои се надвор од доменот на материјалното и физичкото, архитектурата е таа што овозможува директни врски и соработки (релации и ко-релации).
Темата се однесува на третманот и можностите на личниот простор, вклучувајќи го прашањето на домување и домот во современиот град или воопштено прашањето на приватното во разни форми на колективен простор.
Од студентите се очекува да го истражат концептот на колективност во современи урбани услови и да пронајдат соодветни архитектонски решенија во изградено градско подрачје што се одликува со особена густина на населеност и активности. Притоа фокусот би бил на зафати од помал размер со цел препознавање и (пре)формулирање на размерот и потенцијалот на КУЌАта.