Магистарска тема, X семестар , 2014 / 2015
СОВРЕМЕНО ДОМУВАЊЕ
ментор: Минас Бакалчев
Домот на Хулот(Mr. Hulot),Jacques Tati ,Mon Oncle (My Uncle),(1958)
Локација: по избор
Современото домување го разбираме како инклузивна пракса на домување, која ја избегнува монотематската детерминација и поврзува различни модели на домување: помеѓу модерна и постмодерна; визионерска / прагматична; арбитрарна / анархична; формална / неформална; перманентна / транзициона; индивидуална / колективна. Во таа смисла современото домување претставува критичко преиспитување на модерната во однос на специфичните места и социо-културните образци на луѓето од денешниот свет.