Магистарска тема, X семестар , 2014 / 2015
ИСТРАЖУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНАТА ФОРМА 1964 -2014:
МОРФОЛОГИЈА НА ДОМУВАЊЕТО
ментор: Минас Бакалчев
Three types of collective form identified by Fumihiko Maki (1964): compositional form, megaform, group form.
Во 1964 Фумихико Маки тргнувајќи од критичко согледување на постојните историски/модерни градови како и соодносот со нивната околина ја предлага идејата на колективната форма „не како збир на неповрзани, издвоени згради но згради кои имат причина да се заедно“(Maki, 1964)..
Во 2014 согледувајќи го концептот на мегаформата од 1960-тите како формален систем, кој го преиспитува херархискиот систем на градот, ние гледаме потенцијал во преводот на неговите фундаментални принципи на локално ниво, на ниво на урбаните фрагменти, станбените џепови, во секвенците на рабовите на градот, во природните амбиенти.
Дали е можно да се поврзат овие два нивои? Колективната форма како стратегија на територијалното ниво на градот или дел од градот (1964) и партикуларното ниво на домот и соседството од станбените џебови, урбаните фрагменти на современиот град (2014).
Проектот ќе се фокусира на морфологијата на домувањето во корелација со специфичните места на современите урбани/природни ситуации по избор на кандидатите.
REFERENCES