Архитектонско студио, VII семестар , 2014 / 2015
ЦЕНТАР ЗА РЕЦИКЛАЖА НА
КОМУНАЛЕН ГРАДСКИ ОТПАД
Педагошки тим: Александар Радевски, Горан Мицковски, Никола Стрезовски, Марио Батковски
Локација: Скопје: Индустриска зона Исток, локалитет Вардариште
Одржувањето на современата цивилизација и понатамошниот нејзин развиток не се можни без производните процеси. Бројни се проблемите кои настануваат при производството. Како примарен и најзначаен проблем е загадувањето на просторот на нашата планета во сите свои компоненти. Од мноштвото на влијателни фактори кои ги загадуваат основните компоненти на нашата планета се и комуналните тврди отпадоци.
Со порастот на современиот град се зголемуваат и отпадоците што овој „жив организам“ секојдневно асимилира големи количини на производи, а веќе наредниот ден скоро во иста количина ги исфрла во вид на отпад.
Од сето ова произлегува дека со голема одговорност треба да се пристапи кон хигиено-техничко отстранување на отпадот и сите останати компоненти кои загадуваат, за да се сочува човекот, човековата околина и природата во целост.