ИНТЕГРАТИВНО СТУДИО
зимски семестар 2015-2016
ОБРАСЦИ НА РАСТ-микроград
ментори: Марија Мано Велевска, Слободан Велевски, Огнен Марина, Милка Докузова
Интегративното студио Обрасци на раст: Микроград во зимскиот семестар 2015/2016 година ги следи трансформативните особености на градско ткиво на Скопје во состојба на континуирано квантитативно менување на градот. Целта на студиото е да се провери феноменот на раст како големина, волумен и искуство на згуснување.
Оваа сесија обрасците на раст ќе бидат тестирани преку програмската и просторната повеќеслојност на урбаната вила како специфична типологија која покрај домувањето во себе често превзема и други аспекти на користење на просторот.
Урбана вила е модел преку кој може да се тестира курентното културолошко, просторно и социјално поле на нашите урбани средини.
Очекуваниот резултат на крајот од семестарот е создавање на серија на архитектонски интервенции кои како целина ќе ја дефинираат просторноста на одредена градска територија односно ќе претставуваат стратегија за градоградење за густо населени урбани средини. Нивната меѓусебна артикулација ќе го дефинира односот на јавниот и приватниот отворен простор како и прогрмските можности во контекст на растот.
Локација: Скопје – централно подрачје