ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Интегративно студио, IX семестар , 2014 / 2015

ЕКСТРЕМНО ДОМУВАЊЕ: ПРИМЕРОЦИ - ВЕЛЕС

Педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Викторија Богданова, Александар Петановски, Гордан Петров

1

 

Делириум на домувањето

Локација : Примероци-Истражување на екстремно домување на примерот на Велес

Програм: домување / јавен простор + програм на градот

Архитектурата денес не треба само да ги следи комплексните, непредвидливи, неизвесни ситуации, туку самосвесно да ги максимилизира можностите на секојдневните амбиенти. Екстремното домување ќе истражи нови модели на домување тргнувајќи од специфични ситуации кои имат потенција и референтност кон иден развој. Ние ќе ги препознаеме клучните својства на станбените текстури на избрани примероци од текстурата на Велес и ќе ја истражиме консеквенцата од нивното максимализирање.

Традиционалната текстура е етаблиран слој на нашиот просторен идентитет. Пикторескните слики од нашите градови се позадина на нашата социјално-културна репрезентација. Но дали тие места можат да предизвикаат еден друг начин на креативна реинтерпретација? Станбената текстура на историските сегменти во Велес дават исклучителна слика на еден интензивен и возбудлив дијалог на архитектурата и подлогата, еден вид традиционална екстремни форма на населување. Дали токму таа пракса може да предизвика нова стратегија на трансформација од морфолошки, социјален и инфраструктурен аспект? Проектот ќе тргне од специфичните примероци на текстурата на градот и преку нивна селекција, евалуација и последователен процес на трансформација ќе предизвика ново поинтензивно, екстремно преобмислување на домувањето.

 

2

 

Конструирајте нов раб помеѓу градот и реката

(d = 9.00m х L ~ сегмент на централното подрачје):

• населете го

• обликувајте го

• програмирајте го

помеѓуто на градот и реката

како заеднички интерфејс на различните системи.