ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

ИЗВЕШТАЈ
ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ
ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ЗА УЧЕБНАТА 2012/2013 ГОДИНА
Скопје Декември, 2013 година

СОДРЖИНА


1.ЕЛЕМЕНТИ НА ПРОЦЕСОТ НА САМОЕВАЛУАЦИЈА
1.1.Цели на процесот на самоевалуација
1.2.Остварување на процесот на самоевалуација
2.ОПИС НА ФАКУЛТЕТОТ
2.1.Историјат на Факултетот
2.2.Наставно-научна организациона структура на Факултетот
3.НАСТАВЕН И НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЦЕС
3.1.Студиски програми
3.2.Наставно-научен, соработнички и административен кадар
3.3.Студенти на интегрираните петгодишни студии од прв и втор циклус
3.4.Наставно-образовна дејност
3.5.Научно-истражувачка и апликативна дејност
4.МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
5. РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТИРАЊЕТО НА СТУДЕНТИТЕ
6. ПРОСТОРНИ И ФИНАНСИСКИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕТО
7. ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ПРЕПОРАКИ
1. ЕЛЕМЕНТИ НА ПРОЦЕСОТ НА САМОЕВАЛУАЦИЈА
1.1 Цели на процесот на самоевалуација
Со спроведувањето на самоевалуацијата, Факултетот самостојно ги оценува
постигнатите резултати на работата во сите релевантни сфери на своето
делување, првенствено наставната и научно-истражувачката, преку оценување
на остварувањето на студиската програма на петгодишните интегрирани
студии од прв и втор циклус по архитектура, преку истражувањето на ставовите
на студентите, состојбата со наставниот кадар, просторните услови,
финансиската состојба, научно-истражувачката работа и надворешната
соработка.
1.2 Остварување на процесот на самоевалуација
Наставно научниот совет на својата 20-та седница од 16.12.2010 година донесе
одлука за формирање на Комисија за самоевалуација на Факултетот во состав:
- проф. д-р Коробар Влатко, претседател
- проф. д-р Блажевска Зорица,
- проф. д-р Трпковски Бранко,
- доц. д-р Марина Огнен,
- доц. д-р Касапова Елизабета,
- два претставника од студентскиот парламент.

Заради поквалитетно спроведување на процесот на самоевалуација Наставно
научниот совет избра две поткомисии, за првите три студиски години и за
четврта и петта година, како и комисии за спроведување на студентски анкети
што овозможи учество на голем дел од вработените во овој значаен процес.
Самоевалуацијата беше спроведена со примена на различни методи кои
овозможија увид во состојбите на внатрешните организациони единици на
институцијата, мислењето на студентите за реализацијата на студиската
програма изразено преку спроведените анкети, како и непосредниот увид на
членовите на Комисијата во работата на Факултетот.
Од особена важност во процесот на самоевалуацијата беше спроведувањето на
студентските анкети кои продуцираа обемен материјал за перцепцијата на
студентите на образовниот процес на Факултетот и условите во кои тој се
одвива.
Во текот на работата Комисијата ја користеше и релевантната документација
со која располага Факултетот за пореално согледување на состојбите. При тоа,
Комисијата имаше полна поддршка од сите субјекти вклучени во дејноста на
Факултетот.
При сумирањето на резултатите од спроведената самоевалуација беше
применета SWOT анализата заради интегрирано согледување на предностите,
слабостите, можностите и пречките во реализацијата на работата на
Факултетот.
2. ОПИС НА ФАКУЛТЕТОТ
2.1 Историјат на Факултетот
Архитектонскиот факултет е во 64-та година на своето постоење. До 2004
година Факултетот беше единствената високообразовна институција во
Република Македонија којашто подготвуваше кадри од областите на
архитектурата и урбанизмот и од специјализирани стручни подрачја поврзани
со нив.
Во текот на своето постоење Факултетот поминал низ неколку развојни фази.
Првите студии по архитектура биле организирани во 1949 година во рамките на
новооснованиот Технички факултет со два оддела: архитектонски и градежен.
Во 1955 година формиран е Архитектонско-градежниот факултет, а во 1976
година неговиот архитектонски оддел прераснал во самостоен Архитектонски
факултет.
Од учебната 2007/2008 година Факултетот работи според нова програма на
единствени петгодишни студии од прв и втор циклус, во согласност со
Болоњскиот процес и примена на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС).
До 2012 година на Архитектонскиот факултет дипломирале 4305 студенти кои
се стекнале со звањето дипломиран инженер архитект. Постдипломски студии
според старите наставни програми завршиле 40 студенти кои се стекнале со
научно звање магистер по технички науки од областа на архитектурата. На
Факултетот докторирале 28 кандидати кои се стекнале со звањето доктор по
техничките науки.
Од 1992 година Архитектонскиот факултет континуирано ја организира
Меѓународната летна школа за архитектура во чија работа досега учествувале
околу шестотини домашни и околу триста студенти и ментори од различни
земји од Европа и светот. Во рамките на Универзитетот, по Меѓународниот
семинар за македонски јазик, литература и култура, Летната школа за
архитектура е втора по должината на своето постоење, како комплементарна
институционализирана форма на стекнување знаења од овој вид.
Во своето повеќе од шестдецениско постоење, Архитектонскиот факултет се
етаблира како институција со врвни образовни стандарди која ужива висока
репутација во регионот и пошироко како високообразовна институција која
овозможува стекнување на професионални компетенции и квалитетни
теориски и практични знаења од областите на архитектонското проектирање,
урбанистичкото планирање и обликување, архитектонските конструкции,
современите технологии на градење и методите на управување со процесите на
проектирање и градење.
2.2 Наставно-научна организациона структура на Факултетот
За вршење на својата севкупна дејност, а особено за потребите на вршење на
наставната и научно-истражувачката дејност, на Факултетот се основани пет
институти како внатрешни организациони единици:
- Институт за архитектонско проектирање
- Институт за урбанизам
- Институт за високоградба
- Институт за заштита на градителското наследство и историја на
архитектурата
- Институт за графички комуникации.

3. НАСТАВЕН И НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЦЕС
3.1 Студиски програми
Наставата на Архитектонскиот факултет се изведува според студиска програма
на единствени петгодишни студии по архитектура од прв и втор циклус,
согласно Болоњскиот процес и со примена на Европскиот кредит трансфер
систем (ЕКТС).
По завршувањето на единствените петгодишни студии од прв и втор циклус,
студентите стекнуваат звање магистер инженер архитект (Master of
Architecture) кое согласно Законот за градење е предуслов за пристап до
професијата архитект и за стекнување на овластување од Комората на
овластени архитекти и овластени инженери.
Правилата на студирање овозможуваат, по барање на студентот, по
завршувањето на третата година на студии да се полага интермедијарен
завршен испит после кој се стекнува звањето Bachelor of Architecture.
На Факултетот не постојат студии од трет циклус, но во тек се подготовките за
нивно востановување.
3.2 Наставно-научен, соработнички и административен кадар
Во академската 2012/2013 година наставата и целокупното делување на
Факултетот ги реализираа вкупно 24 наставници и 10 соработници со
административна поддршка на 16 вработени.
Наставно-научен кадар
Редовни професори 12
Вонредни професори 2
Доценти 10
Вкупно 24
Соработнички кадар
Асистенти 9
Помлади асистенти 1
Вкупно 10
Административен кадар
Високо образование 10
Средно образование 1
Основно образование 5
Вкупно 16
Анализата на структурата на наставниот кадар покажува дека најголемиот број
наставници се со највисокото и со почетното наставничко звање што ја
покажува нерамномерната дистрибуција на кадарот по наставно–научни
звања. Ова е последица на претходен подолг период на дисконтинуитет во
обновувањето на наставниот и соработничкиот кадар. Изборот на неколку
доценти во 2012/13 година и оправданите очекувања за напредување на
соработничкиот кадар во наставни звања до 2015 година, ќе ја подобри
состојбата на содносот на бројот на наставен кадар и студенти, но со оглед на
специфичностите на образованието по архитектура треба да се истражат сите
законски форми за ангажирање на стручњаци од праксата во специфични
форми на наставата.
При изборите и унапредувањата на наставниот и соработничкиот кадар беа
почитувани критериумите, стандардите и обврските што произлегуваат од
Законот за високото образование, подзаконските акти, Статутот на
Универзитетот и соодветните правилници, но поради специфичностите на
професијата архитект, како регулирана професија со директивите на ЕУ, во
наредниот период Факултетот треба да ги истражи искуствата во другите
европски земји и да предложи дополнувања на процедурата за избор која
попрецизно ќе ја одразува специфичноста на професијата.
3.3 Студенти на интегрираните петгодишни студии од прв и втор
циклус
Во учебната 2012/2013 година, вкупниот број на студенти на Архитектонскиот
факултет изнесуваше 760.
Од овој број студенти 545 студенти биле запишани на сите студиски години,
додека 215 студенти имале статус на апсолвенти, при што 211 апсолвенти
студирале според старата студиска програма и се во завршна фаза на своето
образование, а само 4 студенти според ЕКТС се со апсолвентски статус.
Дистрибуцијата на бројката од 545 студенти по студиски години е следна:
- Прва година 129
- Втора година 126
- Трета година 105
- Четврта година 114 и
- Петта година 71 студент.
Конкурсот за упис на нови студенти беше успешно спроведен, со претходно
спроведени активности за запознавање на сите заинтересирани кандидати со
студиите и условите за упис. На конкурсот за запишување на нови студенти се
пријавија 226 кандидати од кои 128 се запишаа на прва година на студии, и тоа
84 во државна квота, а 44 со партиципација. Бројот од 120 студенти (80 во
државна квота и 40 со партиципација) е надминат заради упис на студенти по
дополнителни основи регулирани со конкурсот за упис на нови студенти.
Во однос на уписната политика потребно е да се преиспита вкупниот број на
студенти и да се изврши негово намалување, зашто просторните и кадровските
услови оневозможуваат непречено одвивање на наставата, која го задржува
востановениот квалитет единствено со исклучителните напори на кадарот.
Исто така, потребно е да се изедначи бројот на студенти во обете уписни квоти,
како и кај повеќето факултети на Универзитетот, што минимално ќе ја подобри
финансиската кондиција на Факултетот.
Во учебната 2012/2013 година дипломирале 78 студенти според старата
студиска програма, а магистрирале 48 студенти на ЕКТС студиите.
Можноста своето образование да го оформат по завршување на третата
студиска година и полагање на интермедијарен завршен испит ја искористиле
четворица студенти.
Во овој период четворица кандидати ги одбраниле своите докторски
дисертации на Архитектонскиот факултет и се стекнале со звањето доктор на
техничките науки.
3.4 Наставно-образовна дејност
Целокупната настава, односно, предавањата, вежбите и практиката се
изведувааше согласно усвоениот календар на активности на Универзитетот и
Факултетот и усвоениот ангажман на наставниците и соработниците. Треба да
се истакне дека при изведувањето на наставата, особено во првите две студиски
години, заради зголемениот број на студенти кои се запишуваат на Факултетот,
се појавија проблеми со рационална организација на неделниот распоред на
активности на студентите предизвикани првенствено од просторните
ограничувања, што особено се однесува на наставата во архитектонското студио.
Заради зголемениот број на студенти кои се запишуваат на Факултетот, со
исклучок на петта година, во сите останати студиски години просечниот број на
студенти се движи околу 120 студенти што покрај просторните проблеми
предизвикува и зголемен ангажман на наставниот и соработничкиот кадар. Во
одредени случаи овој ангажман е значително над границата на редовниот
ангажман, што на подолг рок може да се одрази неповолно како на квалитетот
на наставата така и на можноста на наставниот и соработничкиот кадар да се
ангажира во научно-истражувачката работа и стручно-уметничката дејност,
како значајни сегменти на нивната севкупна дејност.
Во врска со наставата треба да се одбележи востановената практика по
завршувањето на зимскиот и летниот семестар да се организира изложба на
студентски трудови, првенствено од архитектонските студија, што овозможува
увид на студентите и на јавноста во резултатите од работата во различните
студиски години, нивна компарација, како и транспарентност на резултатите
од наставниот процес.
При изведувањето на наставата успешно е реализирана соработката со повеќе
факултети од Универзитетот од кои одреден број наставници учествува во
изведувањето на наставата по дел од задолжителните и изборните предмети од
студиската програма.
Во овој период е започнат и процесот на реакредитација на студиската
програма на единствените петгодишни студии од прв и втор циклус и нејзино
усогласување со измените на Законот за високото образование.
3.5 Научно-истражувачка и апликативна дејност
И покрај исклучително обемниот ангажман на наставниците и соработниците
во наставата, во учебната 2012/13 дел од нив беа ангажирани во повеќе научно-
истражувачки проекти. Во научните проекти учествувале 9 наставници и 4
асистенти, при што од овој број еден наставник бил вклучен во три проекти,
тројца наставници биле вклучени во два проекта, додека останатите
учествувале во еден проект. Заради ограничениот пристап до средства за
научно-истражувачка работа Факултетот учествувал во проекти финансирани
во рамките на заедничките средства на Универзитетот или од страна на тела на
Европската унија:
- Научно-истражувачки проект на тема: “Архитектурата како фактор
на културната одржливост на македонските градови”, пријавен на
Архитектонскиот факултет, а финансиран од заедничните средства за
научно-истрачувачки проекти на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”
од Скопје за периодот 2012/2013 година
- Научно истражувачки проект на тема: “MUSSE (Modeling Users, Societies
Environment)” пријавен на Факултетот за информатички науки и
компјутерско инженертсво (ФИНКИ) при УКИМ, а финансиран од
заедничните средства за научно-истрачувачки проекти на Универзитетот
“Св. Кирил и Методиј” од Скопје за периодот 2012/2013 година.
- Научно-истражувачки проект: “Нумеричко моделирање на порозни
средини за испитување на тек и транспорт на контаминанти”
пријавен на Градежниот факултет при УКИМ, а финансиран од
заедничните средства за научно-истрачувачки проекти на Универзитетот
“Св. Кирил и Методиј” од Скопје за периодот 2012/2013 година
- COST TU 0803: “Cities Re-growing smaller”, научно-истражувачки проект
финасиран од Европската фондација за наука
- COST TU 0905: “Structural Glass and Novel Methods of Design”, проект
финасиран од Европската фондација за наука
- COST TU 1003: “MEGAPROJECT: The Effective Design and Delivery of
Megaprojects in the European Union”, научно-истражувачки проект
финасиран од Европската фондација за наука
- COST TU 1204: “People Friendly Cities in a Data Rich World”, научно-
истражувачки проект финасиран од Европската фондација за наука
- COST TU 1207: “Next Generation for Composites in Construction”, научно-
истражувачки проект финасиран од Европската фондација за наука.
Во разгледуваниот период на барање на органи на локалната самоуправа,
правни и физички лица Факултетот изврши повеќе консултантски услуги и
изготви стручни мислења и судски вештачења од областите на сопствената
експертиза. Треба да се одбележи дека во овој период, првпат после долга низа
години се остварени добри финансиски резултати во апликативната дејност,
што како тренд треба да се задржи и во идниот период.
4. МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Факултетот ја продолжи својата воспоставена комуникација со факултетите по
архитектутра во регионот. Како резултат на меѓународната соработка
Факултетот аплицираше во рамките на ЕРАЗМУС програмата за доживотно
учење, заедно со Универзитетот FUNITEK од Барселона, на меѓународниот
проект “OIKONET-глобална мултидисциплинарна мрежа за истражување и
едукација во доменот на домувањето”. Како резултат на меѓнародната
соработка, Факултетот поднесе апликација за учество и во меѓународниот
научно-истражувачки проект во рамките на програмата FP7 SSH.2013.7.1-1,
ACROPOLIS (After Carbon Polis) на тема; “Post-Carbon Cities in Europe: A long
Term Outlook”. Во овој период продолжи востановената соработка со
Австриската агенција за енергетика, DAAD и со дел од амбасадите во РМ, што
овозможи гостување на еминентни предавачи.
Како резултат на меѓународната соработка на Факултетот, со сесијата на
Меѓународната летна школа за архитектура раководеше светски познатиот
архитект Хан Тумертекин од Турција, кој предава на Билги универзитетот во
Истанбул, но е исто така редовно ангажиран и на светски референтни школи за
архитектура како што се школата на Универзитетот Харвард, Федералната
политехничка школа во Лозана и други.
5. РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТИРАЊЕТО НА СТУДЕНТИТЕ
Испитувањето на мислењето на студентите за содржината, организацијата и
реализацијата на наставата се спроведува преку анкети кои имаат стандардна
форма која овозможува споредливост на резултатите со предходните анкети
Анкетите ги содржат слледните прашања:
1. Како ја оценувате организацијата на наставата по предметот?
2. Како го оценувате квалитетот на предавањата по предметот?
3. Како ја оценувате организацијата на вежбите по предметот?
4. Дали го користите терминот за консултации?
5. Дали бројот на часови за вежби е доволен за совладување на задачите?
6. Дали користите учебник/скрипта/прирачник по предметот или друг вид
литература?
7. Дали посочената литература е доволна за успешна реализација на
наставата?
8. Дали работите дома на истражување на зададените задачи?
9. Како го оценувате степенот на вашата оптеретеност по предметот?
10. Како го оценувате сопствениот постигнат успех по предметот во однос на
вашиот вложен труд?
11. Го оценувате вашето учество во интерактивната настава?
12. Дали предметниот наставник транспарентно објавил содржината и
организацијата на наставата по предметот?
Збирните резултати од анкетите за секој предмет изразени во процентуален
износ, како и коментарите на студентите беа презентирани и достапни на веб-
страната на Факултетот. Секој наставник има увид во резултатите од анкетата
за својот предмет, врз основа на кои врши потребни измени и подобрувања.
Овие анкети имаат значење за секој предмет одделно, а упросечувањето на
нивните резултати на ниво на целиот факултет нивно интегрирано
прикажување дава слика на состојбата која и не ги лоцира прецизно
проблемите. Генерално може да се заклучи дека студентите се задоволни со
квалитетот на наставата и нејзината организација, а основната забелешка се
однесува на нивната оптеретеност и достапноста на посочената литература.
6. ПРОСТОРНИ И ФИНАНСИСКИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕТО
За разлика од претходните години, во оваа учебна година не беа превземени
поголеми зафати за обнова на дел од просторот на Факултетот, туку се
превземани само помали зафати на простори кои беа во исклучително лоша
состојба. Континуирано е вршено е и тековно одржување на објектот.
Извршена е набавка на компјутерска опрема (6 компјутери, 3 принтери и
скенер) и обновен е мебелот во просторијата за студентски прашања, со што се
подобрени условите за нејзина работа.
Ваквата состојба е резултат на влошената финансиска состојба на Факултетот во
услови кога се зголемува бројот на студенти и следствено обемот на работа, а се
намалуваат средствата кои Факултетот ги остварува по основ на партиципација
и кофинансирање.
Буџетските средствата кои ги добива Факултетот се исклучиво наменети за
месечните примања на вработените. Од сопствените приходи Факултетот ги
подмирува сите останати материјални и комунални трошоци со исклучок на
трошоците за парно греење. Во вкупниот обем на приходи, средствата
обезбедени од буџетот учествуваат со 45%, а остатокот од 55% се сопствени
средства на Факултетот остварени по сите основи на неговото делување.
Во овој контекст, прв пат по еден долг период Факултетот беше принуден да
донесе одлука за намалување на вредноста на бодот за личните доходи на
вработените и да изготви план за максимално штедење и рационализација на
тековните трошоци. И во такви услови, беше вршена редовна исплата на
личните доходи, редовно се подмируваа останатите тековни финасиски
обврски и се вршеше редовна исплата на зголемениот обем на работа на
наставно-научниот и соработничкиот кадар, исплата на надоместоци за друг
вид извршена работа, а беа продолжени и договорите за ангажирање на три
хигиеничарки, чувар и економ преку агенции за вработување што
дополнително ги зголемува трошоците на работење на Факултетот.
7. ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ПРЕПОРАКИ
Основните заклучоци и препораки кои беа изведени можат да се синтетизираат
на следниот начин:
- Наставата во сите студиски години се спроведува согласно предметните
програми со висок степен на квалитет, редовност и континуирано
надградување. Воочените слабости кои се регистрирани во студентските
анкети се однесуваат на првенствено на недоволната достапност на
посочената литература, како и на аспекти поврзани со подобрување на
организацијата на наставата.
- Во однос на покриеноста на наставата со постојниот кадар на Факултетот
констатирано е дека вкупниот број на наставници и соработници е во
континуирано намалување во подолг временски период, што се одразува
неповолно на севкупниот ангажман на кадарот во различните сегменти на
делување на институцијата. Имено, заради намалениот број на наставно –
соработнички кадар се појавува преоптовареност со обврски во наставата
што директно го редуцира расположливото време за поголема ангажираност
во научно-истражувачката и стручно-апликативната дејност на наставниот и
соработничкиот кадар што има свое влијание врз исполнувањето на
критериумите за напредување во наставни и повисоки наставни звања.
- Несоодветното финансирање на научната дејност доведе до натамошно
редуцирање на овој важен сегмент на дејноста на Факултетот, па постојниот
научен ангажман првенствено се темели на учеството во меѓународни
проекти и програми каде финансирањето е обезбедено од странски извори.
- Овие меѓународни проекти претставуваат основа за остварување на
директни контакти со повеќе образовни институции од европските земји,
кои резултираат со организација на предавања и заеднички работилници
како форми на размена на искуства кои во иднина треба да претставуваат
основа за официјализирање на оваа соработка и нејзино прераснување во
договори за континуирана соработка и мобилност на наставници и студенти.
- Во рамките на своето меѓународно делување, иако во отежнати финансиски
услови, Факултетот и натаму успешно ги реализираа сесиите на
меѓународната летна школа за студенти по архитектура на која учествуваат
реномирани предавачи/ментори и студенти од повеќе земји. Оваа
активност на Факултетот, која егзистира повеќе од две децении, претставува
препознатлив белег на институцијата во регионалн и пошироки рамки.
- Во изминатите се направени повеќе зафати за подобрување на просторните
услови за одвивање на наставата со опремување на постојните и на
дополнителни простории, но заради ограничените просторни услови и
новите форми на настава потребно е во иднина да се обезбедат и други
современо опремени простории за различни видови на настава, што ќе
овозможи подобро организирање на наставните активности и порационално
искористување на времето.
- Иако се правени напори за снабдување на факултетот со стручна литература
и списанија кои се од особена важност во наставата, редуцираните средства
со кои располага Факултетот се недоволни за континуирано и соодветно
надополнување на библиотечниот фонд, Потребно е да се истражат и нови
опции за подобрување на состојбата во овој сегмент, првенствено преку
обезбедување на донатори на часописи од редот на алумни групацијата.
- Финансиската состојба на Факултетот бележи континуирано стагнирање
како последица на редуцирањето на износите кои студентите ги уплаќаат за
партиципација и кофинансирање, а кои во дадените околности
претставуваат најзначаен дел на сопствени средства кои ги остварува
Факултетот. Потребно е да се зајакне реализацијата на другите видови
дејности кои ќе му овозможат на Факултетот да обезбеди зголемен обем на
сопствени средства кои значително би ја подобриле неговата финансиска
кондиција.
Комисија за самоевалуација
на Архитектонскиот факултет
Проф. д-р Влатко П. Коробар, с.р.
Претседател на Комисијата