Почитувани студенти на Архитектонскиот факултет,
во рамки на постапката за избор на членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Архитектонскиот факултет, ве информираме дека во петок, 18.12.2020 година, со почеток во 18.00 часот преку електорнската платформа Микрософт Тимс ќе се одржи претставувањето на кандидатката за претседател - Ангела Каруловска. До настанот ќе можете да пристапите преку линк кој ќе биде испратен преку групата која за таа намена е креирана на платформата Микрософт Тимс. Ве охрабруваме да земете активно учество на настанот и подетално да се запознаете со програмата за работа на кандидатката Ангела Каруловска.