ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

 Tamara

IN MEMORIAM (1945-2022)

Професорката д-р Тамара Теофиловска - Бојаџи остави значајни траги во историјата на Архитектонскиот факултет во Скопје со нејзиниот академски капацитет, делување и вредности. 

Нејзиниот академски пат започнува со голем успех на Архитектонскиот институт во Москва каде што дипломскиот проект го брани со највисока оцена од државната испитна комисија – ГЕК во Москва во 1969 год. Во 1970 год. нејзиниот пат продолжува во професионалната струка, во градежното претпријатие Маврово. Во 1971 год е избрана за редовен асистент на Архитектонскиот оддел при Архитектонско-градежниот факултет во Скопје, а од 1998 год. работи како професор на Архитектонскиот факултет во Скопјесе до нејзиното пензионирање во 2011 год

Следејќи го поривот за академско усовршување Проф. д-р Тамара Теофиловска - Бојаџи постдипломските студии ги продолжува на Институтот за технологија во Токио, Јапонија. Од 1993 до 1995 год. престојувала во Новокузнецк, Русија, како супервизор во изградба на комплекс објекти во склоп на железарницата во истоимениот град. Во периодот од 2000 до 2003 год. зема учество во повеќе научно истражувачки проекти од областа на Енергетската ефикасност во Македонија.

Од 1999 до 2002 год. била активен член во повеќе комисии и работни групи за изготвување на програмски документи од Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука. Во периодот по 2002 год. одржува серија меѓународни предавања од областа на нејзината експертиза.

Богатиот научно-истражувачки опус е составен од изработка на повеќе учебни помала и скрипти за унапредување на наставата, учество на меѓународни семинари со референтни трудови, а воедно била активен член на Постојана комисија за изработка на стандарди и прописи од областа на Топлински изолации во високоградбата. Нејзинатапрофесионална активност е изразена и преку изработката на повеќе главни проекти за објекти.

Во текот на севкупното академско делување, Проф. д-р Тамара Теофиловска - Бојаџи обавува повеќе студиски посети на релевантни меѓународни институции од Јапонија, Германија, Италија и др. Таа постојано се залагаше за унапредување на едукацијата и квалитетот во струката во Р. Македонија, следејќи ги современите текови и потреби во градежништвото, притоа водејќи сметка наставата да биде подредена на студентите на Архитектонскиот факултет во Скопје, кон кои таа се однесуваше со голема почит. 

Со нејзиното делување како значаен член на Архитектонскиот факултет во Скопје Проф. д-р Тамара Теофиловска - Бојаџи даде неизбришлив и значаен придонес за унапредување на наставно-педагошката дејност на факултетот и за стручно оформување на бројни генерации архитекти.