ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

 

Љупчо Филиповски 

IN MEMORIAM

Биографија на универзитетскиот професор Љупчо Филиповски

Роден на 22.9.1933 год. во Белград. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1958 год. По дипломирањето се вработил во Градежното претпријатие ,,Вардар” во Скопје а предавал и во средното уметничко училиште ,,Лазар Личеноски.” Исто така хонорарно работел како наставник на Вишата педагошка школа ,,Св. Климент Охридски ” во Скопје, на отсекот техничко образование.

Во 1961 год. бил примен за асистент по предметот Архитектонски конструкции на Архитектонскиот отсек во Скопје. Завршил постдипломски студии во Ротердам, Холандијаво 1966 год. на тема ,,Префабрикувана станбена изградба”. На Архитектонскиот факултет ги поминал сите наставни називи: асистент, доцент, предавач, вонреден професор, редовен професор. Во периодот од 1.10.1976 до 28.2.1977 година бил декан на Архитектонскиот факултет, а и продекан за настава. Својата професионална кариера ја завршил во 1998 год. како редовен професор.

Покрај својата наставно-научна и педагошка дејност во сферата на архитектонското проектирање најголемо внимание и посветил на станбената архитектура. Некои позабележителни индивидуални и тимски проекти се следните: Детската градинка на ул ,,Димитрие Туцовиќ ” во Скопје во 1972 год., станбените 17 катни кули во Нерези во 1975 год., станбени блокови во населбата ,,Јане Сандански” во1985 год., административен деловно-продажен центар во Скопје. Го изработил главниот и изведбен проект за Електромашинскиот факултет со лабораториите во Скопје, многу индивидуални семејни и викенд куќи, станбени комплекси во Кавадарци и Кочани. Проектирал објекти и надвор од нашата земја-индустриски и школски објекти во Косово, сервис и салон ,,Фергусон” во Грција и многу други. Учествувал во кровната реконструкција на манастирот ,,Св Наум Охридски “ во Радишани, во изведбата на камбаната од манастирот ,,Св Ѓорѓи” во с. Кучково, добитник е на награда за оградата од Соборниот храм ,,Св.Климент Охридски “ во Скопје.

Неговата активност во сферата на публицистиката зазема значајно место. Се јавува како автор на 36 публикувани единици и бројни научни и стручни книги и статии, печатени во стручни списанија и во дневниот печат. Позначајни се следните книги: ,,Основи на градежништвото“(1988 год.) ,,Сонце, енергија и архитектура“ (1995 год.) ,,Современи технологии на градење” и ,, Префабрикација и монтажа кај станбени објекти” (1997 год.) ,,Хидроизолации кај рамните кровови-тераси”(1998

год). Во 2007 год. го издава последниот труд-учебник ,,Хидроизолации кај рамни кровови и подруми”. Бил соработник со многу познати архитекти од Македонија и пошироко, рецензент, учесник на многубројни архитектонско-урбанистички конкурси.