ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

CRI 11556

Проект: The City of the Captive Globe, Rem Koolhaas, Zoe Zenghelis; книга:Delirious New York: A Retroactive Manifesto for Manhattan 1978  

 

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПРОСТОРНИ ОБРАСЦИ НА РАСТ

Доц. д-р Слободан Велевски

Основна цел на задачата предложена како тема за магистерски труд е да воспостави релација помеѓу архитектонскиот објект, градот и спецификите на постојниот општествен контекст.

Почетокот на XXI век е означен со феномените на глобализацијата и економијата на слободниот пазар, при што истиот се идентификува преку ефектите на потрошувачката и новите комуникациски технологии кои имаат директно влијание врз разбирањето и користењето на просторот. Овие околности создаваат реалност заситена од влијанието на мас-медиумите, при што културата и комуникацијата во рамките на општествениот колектив е сведена на лого-знак, а идентитетската структура (лична и колективна) добива заменска природа.

Ваквиот општествен контекст го трансформира самото поимање на градскиот простор при што воспоставениот баланс и улога на јавниот и приватниот простор трансгресира под влијание на капиталот. Како резултат, карактерот на просторот дивергира еднонасочно, односно од јавен кон приватен или од приватен кон супер-приватен што како краен ефект ја менува самата социјална суштина на градот. 

Целта на истражувањето и на самиот проект е повторно да ги обмисли односите помеѓу поединецот и колективот, односно да се проблематизираат вредностите на јавното и приватното во актуелните услови на раст на градот на тој начин што истите ќе се тестираат во нов социо-просторен наратив.

Истражувањето ги следи трансформативните особености на градско ткиво на Скопје во состојба на континуирано квантитативно менување на градот. Целта на трудот е да се провери феноменот на раст како големина, волумен и искуство на згуснување.

Очекуваниот резултат е создавање на архитектонски објект како стратегија за град, односно артикулација на просторен артефакт како оперативна територија и полемичка замисла за современ град.

Во процесот на истражувањето и создавањето на просторен одговор од кандидатот се очекува да развие свој автентичен архитектонски став кој ќе претставува рефлексија на актуелното време. Следејќи дискурси и примери од историјата но особено од курентната архитектонска пракса, трудот треба да трага по просторните кодови на новото време каде индивидуата е нова база на урбаниот колектив. Од ваквата генеричка состојба треба да се издвои квалитетот на заедничкото како доживување на урбаното.

Магистерскиот труд треба да претставува јасна идеја, визија за нов модел на заедништво, а предвидената архитектонската форма треба да биде одговор кој повратно ќе делува на премислување на постојната состојба на градот.

Локација: Скопје

Клучни зборови: оперативна територија, архитектонски артефакт, радикален контекст, нова урбана синтакса, раст, колектив