ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

СТУДИО VIII СЕМЕСТАР 2015/2016

СТУДИО 8/1

УНИВЕРЗИТЕТСКИ РЕЗИДЕНЦИИ, ЛОКАЦИЈА БЕРЛИН

Педагошки тим:

Проф. д-р Минас Бакалчев Доц. д-р Саша Тасиќ

СТУДИО 8/2

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА, ЛОКАЦИЈА С. ЛЕШОК

Педагошки тим:

Доц. д-р Михајло Зиноски и Проф. д-р Анета Христова-Поповска

СТУДИО 8/3

УРБАНА АГРИКУЛТУРА-БОТАНИЧКА ГРАДИНА Педагошки тим:

Доц. Д-р Александар Радевски

Доц. Д-р Горан Мицковски

СТУДИО 8/4

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ

Педагошки тим: Проф. д-р Владимир Арсовски

Интегративно студио, IX семестар , 2015 / 2016

СЕДУМТЕ ЈАВОРИ: ПРИМЕРОЦИ – ВЕЛЕС

Прилог кон уметничкото обликување на градовите

Педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Викторија Богданова, Александар Петановски, Гордан Петров

 

1

 

Наслов:

СЕДУМТЕ ЈАВОРИ: ПРИМЕРОЦИ – ВЕЛЕС,

Прилог кон уметничкото обликување на градовите

Локација:

Примероци на маалските центри-Истражување на станбената текстура на примерот на Велес

Програм:

домување = приватно / јавно

 

Традиционалната урбана текстура на драматичен начин го поврзува приватниот и јавниот домен. На примерот на нашите стари градови ја следиме возбудливата морфологија на напластени, допрени куќи во интензивен меѓусебен сооднос како и во сооднос со подлогата/топографијата и целината која ја создават. Дало постојните ситуации, фрагментите на традиционалните основи, се денеска релевантни? Дали се полезни за современиот град? Дали разгледувањето и преработувањето на старите знаења, искуства и траги во просторот, може да даде нови резултати?

Јаворите во традиционалната морфологија на урбаниот простор, ги означуват, клучните точки, јазлите на вкрстувања и собирања на уличните правци. Тоа се јавните простори, маалски средишта на нашите стари градови. Токму на примерот на Велес можеме да ги реконструираме тие стари записи, кои во конкретен и симболички начин го означуват и обликуват просторот и околната станбена текстура. Издвојувајќи ги седумте јавори, како седиум клучни точки во соодносот на јавното/приватното ќе станат основа за реинтерпретација на приватниот-станбен и јавниот простор на градот. Преку нивно издвојување, документирање и реинтерпретирање ќе изведеме серија хипотетички сценарија како тактики на трансформирање на станбената текстура.

2

Велес 1000м х 1000м: седум јавори, шест примероци 140м х 140м

Конструирајте дијалог на приватното/јавното преку положбата и фигурата на јаворот:

• населете го

• обликувајте го

• програмирајте го

помеѓуто на приватното и јавното

како интензивен сооднос на различните системи.

 

3

 

4

 

Интегративно студио, IX семестар , 2014 / 2015

ЕКСТРЕМНО ДОМУВАЊЕ: ПРИМЕРОЦИ - ВЕЛЕС

Педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Викторија Богданова, Александар Петановски, Гордан Петров

1

 

Делириум на домувањето

Локација : Примероци-Истражување на екстремно домување на примерот на Велес

Програм: домување / јавен простор + програм на градот

Архитектурата денес не треба само да ги следи комплексните, непредвидливи, неизвесни ситуации, туку самосвесно да ги максимилизира можностите на секојдневните амбиенти. Екстремното домување ќе истражи нови модели на домување тргнувајќи од специфични ситуации кои имат потенција и референтност кон иден развој. Ние ќе ги препознаеме клучните својства на станбените текстури на избрани примероци од текстурата на Велес и ќе ја истражиме консеквенцата од нивното максимализирање.

Традиционалната текстура е етаблиран слој на нашиот просторен идентитет. Пикторескните слики од нашите градови се позадина на нашата социјално-културна репрезентација. Но дали тие места можат да предизвикаат еден друг начин на креативна реинтерпретација? Станбената текстура на историските сегменти во Велес дават исклучителна слика на еден интензивен и возбудлив дијалог на архитектурата и подлогата, еден вид традиционална екстремни форма на населување. Дали токму таа пракса може да предизвика нова стратегија на трансформација од морфолошки, социјален и инфраструктурен аспект? Проектот ќе тргне од специфичните примероци на текстурата на градот и преку нивна селекција, евалуација и последователен процес на трансформација ќе предизвика ново поинтензивно, екстремно преобмислување на домувањето.

 

2

 

Конструирајте нов раб помеѓу градот и реката

(d = 9.00m х L ~ сегмент на централното подрачје):

• населете го

• обликувајте го

• програмирајте го

помеѓуто на градот и реката

како заеднички интерфејс на различните системи.

001BW

ИНТЕГРАТИВНО СТУДИО

зимски семестар 2015-2016

ОБРАСЦИ НА РАСТ-микроград   

ментори: Марија Мано Велевска, Слободан Велевски, Огнен Марина, Милка Докузова  

Интегративното студио Обрасци на раст: Микроград во зимскиот семестар 2015/2016 година ги следи трансформативните особености на градско ткиво на Скопје во состојба на континуирано квантитативно менување на градот. Целта на студиото е да се провери феноменот на раст како големина, волумен и искуство на згуснување.

Оваа сесија обрасците на раст ќе бидат тестирани преку програмската и просторната повеќеслојност на урбаната вила како специфична типологија која покрај домувањето во себе често превзема и други аспекти на користење на просторот.

Урбана вила е модел преку кој може да се тестира курентното културолошко, просторно и социјално поле на нашите урбани средини.

Очекуваниот резултат на крајот од семестарот е создавање на серија на архитектонски интервенции кои како целина ќе ја дефинираат просторноста на одредена градска територија односно ќе претставуваат стратегија за градоградење за густо населени урбани средини. Нивната меѓусебна артикулација ќе го дефинира односот на јавниот и приватниот отворен простор како и прогрмските можности во контекст на растот.

Локација: Скопје – централно подрачје