Упатство за најава на Office365
Студентите кои не се најавени на порталот Office365 ќе треба да ја направат следната процедура за верификација на профилот.
1. Повикајте ја веб страницата www.iknow.ukim.mk и во полето заборавена лозинка внесете ја вашата е-маил адреса и кликнете на копчето SUBMIT.
2. На вашето сандаче за електронска пошта ќе добитете порака од iknow за промена на лозинка.
Мора да содржи мали, големи букви, знаци и бројки минимум 8 знаци.
3. Сега најавете се на www.iknow.ukim.mk и пополнете ги полињата за најава со новите податоци.
4. Со успешната најава вие сте го завршиле процесот за верификација во iknow. Сега одјавете се.
5. Повикајте ја веб страницата https://servisi.ukim.mk и појдете во формата најаветесе.
6. Тука ќе морате да побарате од системот податоци за вашето корисничко име и лозинка. На десната страна имате линкови.
Со внесување на вашата е-маил адреса системот ќе ви испрати податок за корисничко име, името кое ќе ви важи за Office365. Со линкот промена на лозинка ќе можете да формирате лозинка за Office365.
7. Повикајте ја веб страницата https://portal.office.com ќе можете да се најавите на microsoft Office365 a потоа на универзитетската форма за Office365 каде се навоѓа линкот за TEAMS.
ви пожелувам пријатна работа.....