Предметнапрограмаод интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) студии по архитектура |
||||||||||||
1. |
Наслов нанаставниотпредмет |
Пластично обликување |
||||||||||
2. |
Код |
2.10.34 |
||||||||||
3. |
Студиска програма |
Архитектура |
||||||||||
4. |
Организатор настудиската програма(единица, односно институт,катедра, оддел) |
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје Архитектонски факултет – Скопје Институт за заштита на градителско наследство и историја на архитектурата |
||||||||||
5. |
Степен |
Прв циклуснастудии |
||||||||||
6. |
Академска година/семестар |
II год. / 3 и 4сем. |
7. |
Број на ЕКТС |
4 (2+2) |
|||||||
8. |
Наставник |
Проф. м-р Елизабета Аврамовска Вон. проф. м-р Наташа Милованчев |
||||||||||
9. |
Предусловзазапишување на предметот |
Ликовно изразување |
||||||||||
10. |
Цели напредметнатапрограма (компетенции): Натамошно развивање на моќта за перцепција и визуелизација на просторот како неопходен феномен во самиот процес на креирање на простор кај идните архитекти низ аспектот на Формата и Бојата. Покрај бавењето со артикулација на личниот израз на студентот, предметот цели да ја поттикне и развие способноста за концептуално размислување и артикулирање на идејата. За да може да се роди идеја за одреден простор, да се замисли простор воопшто, потребно е да се поттикнува и развива визуелниот начин на размислување. Развој на индивидуалните способности, умеења и знаења на студентите за пластично-тродимензионално ликовно изразување и аплицирање на стекнатите искуства во другите области на нивно професионално оформување. Воедно, будење на интерес кај нив за истражување и експериментирање во ликовно-творечкиот процес и користење на разни сликарско-обликовни техники. Целта е преку совладување на истите, да се создадат услови за непречено изразување на интелектот, имагинацијата и фантазијата. |
|||||||||||
11. |
Содржина на програмата: Прв семестар: Вовед: значење на предметот Пластично обликување; Светлина и вид, Боја – потекло, значење и улога на бојата: естетска, психолошка, симболична, информативна; Спектар на бои, основни карактеристики, ахроматика и хроматика, Видови бои и нивно мешање и сложување, Релативност на хроматските односи; Моделација и модулација како сликарски постапки сугерирање на простор и волумен, Градација на боја: валерска и тонска вредност, Атмосферска/тонска/колористичка перспектива -дистанца и простор, Студија на ентериер: бојата во претставување на ликовниот и архитектонски простор -анализа на просторното дејство на бојата. Cликарски техники: моливи во боја, пастел и темпера Втор семестар: Монохроматска композиција/тонско сликање и композиција со сложени хроматски односи; Копија по зададена репродукција/транскрипција на даден модел; Апстрахирање на волумен и форма: oд фигуративна кон апстрактна композиција; Поедноставување на форма -занемарување на детал и илустративност; Интервал и ритам, динамично и статично; Колаж и неговите идејно-естетски значења: црно-бел и колористички, текстура на површини; Од колаж до релјеф / асамблаж: трансформација на дводимензионален во тродимензионален простор; Анализа на форма: негативна и позитивна (полно и празно), Просторен модел/слободно-стоечки објект; Студија на екстериер/урбан простор и природен пејзаж: перцепирање и анализа на истиот како активно истражување со акцент на колористичко решавање Cликарски техники: акварел, колаж, релјеф од картон, асамблаж/објект од рециклирани матерјали и просторен модел од картон. Практична настава: вежбите се предвидени за изработка на графички прилози и практична примена на проблематиката дискутирана на предавањата низ одреден број апстрактно концепирани вежби, реалистични прикази и транспонирање на дадени просторни поставки. |
|||||||||||
12. |
Методи нa учење: Основни методи на работа на предметот Пластично обликување се: анализа, компарација, редукција, синтеза и концептуалност. Наставата се одвива преку аудиовизуелни предавања и вежби. Вежбите се предвидени за изработка на графички прилози и практична примена на проблематиката дискутирана на предавањата. Се предвидуваат и гостувања на ликовни уметници, дизајнери, дипломирани архитекти, писатели и музичари, воопшто афирмирани автори од областа на уметноста, во зависност од полето на интерес. Повремено, во зависност од тековните изложби во градот, се предвидува работна посета на референтни изложби. |
|||||||||||
13. |
Вкупенрасположив фонд начасови |
100 (50+50) часови |
||||||||||
14. |
Распределбанарасположивотовреме |
30+60+0+0+10 часови |
||||||||||
15. |
Форми нанаставниактивности |
15.1. |
Предавања-теоретска настава |
30 (15+15) часови |
||||||||
15.2. |
Вежби(графички, аудиториски и индивидуални) |
60 (30+30) часови |
||||||||||
16. |
Други форми наактивност |
16.1. |
Проектнизадачи |
0 часови |
||||||||
16.2. |
Самостојнизадачи |
0 часови |
||||||||||
16.3. |
Домашноучење |
10 (5+5)часови |
||||||||||
17. |
Начиннаоценување (семестрално) |
|||||||||||
17.1. |
Колоквиуми 2 |
20 бодови |
||||||||||
17.2. |
Графички вежби |
50 бодови |
||||||||||
17.3. |
Присуство на предавања и вежби |
30 бодови |
||||||||||
18. |
Критериумиза оцена (БОДОВИ-ОЦЕНА) |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
|||||||||
од51 дo 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум)(D) |
|||||||||||
од 71до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||||||
од 81 до90 бодови |
9(девет) (B) |
|||||||||||
од 91до 100 бодови |
10(десет) (A) |
|||||||||||
19. |
Условзапотписиполагањена завршен испит |
41бод (51 бод во зимскиот семестар) |
||||||||||
20. |
Јазик накојсеизведува наставата |
Македонски |
||||||||||
21. |
Метод на следење на квалитетот на наставата |
Анкети на студентите и процес на самоевалуација |
||||||||||
22. |
ЛИТЕРАТУРА |
|||||||||||
22.1. |
Задолжителналитература |
|||||||||||
Бр. |
Автор, наслов, издавач, година |
|||||||||||
РудолфАрнхајм, Визуелномишлење, УниверзитетуметностиуБеограду, 1985; Рудолф Арнхајм, Уметност и визуелно опажање, Универзитет уметности у Београду, 1987; Johannes Itten, Уметност боје, Уметничка академија, Београд, 1973; Василиј Кандински, За духовното во уметноста, Култура, Скопје, 1995; Пол Кле, Записи о уметности, едиција Езотериа, Београд, 1998; Herbert Read, Umjetnost danas, Mladost, Zagreb, 1957 (Факултетска библиотека); Монографии: Дега, Лотрек, Сезан, Ван Гог, Сера, Мунк, Пикасо, Брак, Матис, Кандински, Kле, Маљевич, Мондриан, Миро, Швитерс, Вархол и др., едиција Tashen (Факултетска библиотека) |
||||||||||||
22.2. |
Дополнителналитература |
|||||||||||
Бр. |
Автор, наслов, издавач, година |
|||||||||||
Препорачана литература од интернет: Artlex Art Dictionary: http://artlex.com/; Color & Vision matters: http://www.colormatters.com/optics.html; The Principles of Harmony and Contrast of Colors by Michel-Eugène Chevreul – This classic "color theory" text, published in 1839 as The Law of Simultaneous Color Contrast, http://www.handprint.com/HP/WC/book3.html#chevreul |