Предметнапрограмаод интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) студии по архитектура |
||||||||||||
1. |
Наслов нанаставниотпредмет |
Урбанистичко планирање 1 |
||||||||||
2. |
Код |
2.7.34 |
||||||||||
3. |
Студиска програма |
Архитектура |
||||||||||
4. |
Организатор настудиската програма(единица, односно институт,катедра, оддел) |
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје Архитектонски факултет – Скопје Институт за урбанизам |
||||||||||
5. |
Степен |
Прв циклуснастудии |
||||||||||
6. |
Академска година/семестар |
IIгод. / 3 и 4 сем. |
7. |
Број на ЕКТС |
8 (4+4) |
|||||||
8. |
Наставник |
Проф. д-р Јасмина Сиљаноска |
||||||||||
9. |
Предусловзазапишување на предметот |
нема |
||||||||||
10. |
Цели напредметнатапрограма (компетенции): Да ги воведе студентите во подрачјето на урбанизмот и нивно запознавање со градот, градските ситуации и контекстот; развивање на перцепцијата за градските простори и на критичкиот дискурс за просторните особености и различности; запознавање со урбоморфолошките својства и квалитети на градските простори, воведување во методите и техниките на анализа и интерпретирање на градските елементи, контекстот и процесите на трансформација на градските простори. Запознавање со основите на урбанистичко планирање и разбирање на процесот на трансформација во градот. Запознавање на студентите со особеноста на градот, неговиот развој и преобразба, како и со урбанистичките концепции од настанокот до денес (прединдустрискиот, индустрискиот и постиндустрискиот град). |
|||||||||||
11. |
Содржина на програмата: Во зимскиот семестар: Вовед во урбанизмот. Градовите денес: коегзистенција на историскиот и современиот град. Урбанистичкото обликување вс. урбанистичкото планирање.Процес на планирање: спонтаниот вс. планираниот град. Дефиниција на урбаниот простор и неговите компоненти. Градскиот пејзаж и градската форма. Силуетата на градот и нејзините планови. Перцепција на градските простори и нивните особености, слика на градот. Односот на изградениот и неизградениот простор. Јавните простори и меѓупросторите. Структура на изградениот простор, типологија и морфологија на изградените физички структури. Елементи на градот, видови, урбоморфолошки својства и морфогенеза (улици, плоштади, блокови, градини и паркови, четврти и специјални зони и територии). Во летниот семестар: Развој и преобразба на градот и урбанистичките концепции од настанокот до 19 век (прединдустриски град): Потекло и генеза на градот; Античката урбана практика и теорија; Средновековниот град; Ренесансниот и барокниот град; Градоградителството на 18 и 19 век. Равој и преобразба на градот и урбанистичките концепции од крајот на 19 век до денес: Индустрискиот град; Урбанистичките теоријски концепти на почетокот на 20 век; Повоена обнова на градовите и ревизија на Модерната; Трендовите во 70-тите и 80-тите година на 20 век и постмодернистичката концепција на градот; Современите концепти. Во зимскиот семестар во практичниот дел од наставата студентите вршат снимање, рекогносцирање и читање на просторните карактеристики на избран градски дел. Преку аналитички и графички приказ вршатанализа на градските простори и елементи во зависност од начинот на нивното групирање и морфолошките својства. Во летниот семестар практичниот дел од наставата претставува вовед во урбанистичкото обликување и интервенциите во градскиот простор. Се врши: вреднување на просторот;рекомпонирање/замена на градски дел-блок согласно интерпретирањето на снимката и анализата и метода на замена на предметниот блок. |
|||||||||||
12. |
Методи нa учење: Теоретскиот дел се одвива со говорно елаборирање и илустрирање, практичната работа со групно и самостијно разработување преку индуктивна и компаративна метода во анализата и дедуктивна во синтезата и просторната симулација.Критичка експликација и компаративна анализа на современи референтни промерии практики во урбанистичкото планирање. |
|||||||||||
13. |
Вкупенрасположив фонд начасови |
200 (100+100)часови |
||||||||||
14. |
Распределбанарасположивотовреме |
60+60+50+0+30 часови |
||||||||||
15. |
Форми нанаставниактивности |
15.1. |
Предавања-теоретска настава |
60(30+30) часови |
||||||||
15.2. |
Вежби(графички, аудиториски и индивидуални) |
60(30+30) часови |
||||||||||
16. |
Други форми наактивност |
16.1. |
Проектнизадачи |
50(25+25) часови |
||||||||
16.2. |
Самостојнизадачи |
0 часови |
||||||||||
16.3. |
Домашноучење |
30(15+15) часови |
||||||||||
17. |
Начиннаоценување (семестрално) |
|||||||||||
17.1. |
Колоквиум/испит |
30 бодови |
||||||||||
17.2. |
Графички вежби 30 |
60 бодови |
||||||||||
17.3. |
Присуство и активност |
10 бодови |
||||||||||
18. |
Критериумиза оцена (БОДОВИ-ОЦЕНА) |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
|||||||||
од51 дo 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||||||
од61до70 бодови |
7 (седум)(D) |
|||||||||||
од71до80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||||||
од81 до90 бодови |
9(девет) (B) |
|||||||||||
од91до100 бодови |
10(десет) (A) |
|||||||||||
19. |
Условзапотписиполагањена завршен испит |
41 бод (51 бод во зимскиот семестар) |
||||||||||
20. |
Јазик накојсеизведува наставата |
Македонски |
||||||||||
21. |
Метод на следење на квалитетот на наставата |
Анкети на студентите и процес на самоевалуација |
||||||||||
22. |
ЛИТЕРАТУРА |
|||||||||||
22.1. |
Задолжителналитература |
|||||||||||
Бр. |
Автор, наслов, издавач, година |
|||||||||||
- Белешки од предавања, проф.д-р Јасмина Сиљаноска, Читанка на избрани текстови за градот |
||||||||||||
22.2. |
Дополнителна литература |
|||||||||||
Бр. |
Автор, наслов, издавач, година |
|||||||||||
- Cullen, G. 1990, Gradski pejzaž, Gradjevinska knjiga, Beograd; - Gidion, S. 2002, Vreme, prostor i arhitektura, Gradjevinska knjiga, Beograd; - Kostoff, S. 1991, City Shaped: Urban Patterns and Meanings through History, Bulfinch Press; - Kostoff, S. 1992, The City Assembled: Elements of Urban Form through History, Little Brown, Boston; - Linč, K. 1974, Slika jednog grada, Gradjevinska knjiga, Beograd; - Milić, B. 1994.-2002, Razvoj grada kroz stoljeća I-III, Zagreb; - Mumford, L. 1988, Grad u historiji, Naprijed, Zagreb; - Zite, K. 1967, Umetničko oblikovanje gradova, Gradjevinska knjiga, Beograd, - Кристофер Александар, Јазик на обрасци, Академски печат, Скопје, 2010 |