arh    UKIM-znak10

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

instagram twit facebook mail

iknow

menu

menuB

   70GAFS

Предметнапрограмаод интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) студии по архитектура

1.

Наслов нанаставниотпредмет

Архитектонско студио 3

2.

Код

2.1.3

3.

Студиска програма

Архитектура

4.

Организатор настудиската програма(единица, односно институт,катедра, оддел)

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Архитектонски факултет – Скопје

Институт за архитектонско проектирање

5.

Степен

Прв циклуснастудии

6.

Академска година/семестар

II год. / 3 сем.

7.

Број на ЕКТС

8

8.

Наставник

Доц. д-р Јован Ивановски

9.

Предусловзазапишување на

предметот

Архитектонско студио 2

10.

Цели напредметнатапрограма (компетенции):

Архитектонско Студио 3 се впишува во континуитетот на Архитектонските студиjа 1 и 2 од прва година и претставува една етапа на припрема за подоцнежните тематски циклуси на учењето на архитектурата. Домените на учењето на просторот се идентични со оние од првата година: -постапка на забележување, разбирање и анализа на архитектонскиот простор; - постапка на замислување, знаења за составните елементи и за контекстот на архитектонскиот проект; -елементи од теорија и доктрини на архитектонскиот проект, историја и архитектонска култура; -познавање и вежбање на средствата на претставување на архитектонскиот простор.

11.

Содржина на програмата:

Во текот на семестарот се изработува архитектонски проект и семестрални вежби кои претставуваат прилог кон проектот, кои оперираат со вистински програми и на реални локации а преку кои се прави напредно студирање на основните принципи и елементи на архитектонското проектирање. Во однос на содржината на архитектонскиот проект, тој е замислен да биде со средна комплексност и со „дозирана“ сложеност, на тема: место за случување на мал социјален настан во природа (или урбана природа). Во однос на изборот на локацијата, се задаваат локации во природен предел, со намера да се исклучи влијанието на близина на изграден состав-објект; се предлагаат локации кои претставуваат природен или култивиран пејзаж, или територија на “работ “ на градот, каде влијанието на изградениот контекст е сведено на ограничен број елементи, односно сили на “празниот простор”. Во однос на проектната програма, проектот е примарно структуриран околу обликување на аритектонски простор наменет за одвивање едно минимално “живототворно” сценарио - краткотраен социјален настан. Базични барања и критериуми кои го дефинираат проектот се: структура или простор за мала човекова акција, кој повикува на употреба, игра, авантура, интеракција...; форма/простор на едно минливо јавно место-случување; - едноставен состав во кој се препознаат примарните архитектонски елементи-постапки, кој сугерира можни употреби или емитираразбирливи пораки... Обликот може и да нема конкретна употреба но со својата појавност да асоцира на познатите искуства: чекорење, застанување, искачување, спуштање, стабилност или лабилност, лагодност или напор. Преку работа на проектот се изучуваат сите фази на архитектонското проектирање, и тоа: забележување – анализа - концептуализација - програмирање - синтеза. Овие постапки се во насока на поттикнување на имагинацијата на студентот, како во дефинирањето и органзизирањето на мислењето за просторот, така и во изнаоѓањето на методи и техники за негова рационална направливост.

12.

Методи нa учење:

Наставата се одвива преку практична работа на студентите. Воведните објаснувања и инструкции пред секој студиски термин (кои се однесуваат на планот, динамиката на работа и очекуваните резултати) се задаваат аудиториски од страна на раководителот на студиото. Во текот на работата во студиото студентите се поделени во помали работни групи кои ги води наставник – учесник во педагошкиот тим на студиото. Студентите, самостојно или во група од најмногу двајца, во текот на студиото ги изработуваат зададените програмски задачи. На крајот од секоја семестрална вежба или семестрален проект студентите јавно ги презентираат своите резултати пред оценувачка комисија која е составена од учесниците – педагошкиот тим – во студиото, како и од поканети гости од практиката или гости од други факултети.

13.

Вкупенрасположив фонд начасови

200часови

14.

Распределбанарасположивотовреме

15+75+45+45+20 часови

15.

Форми нанаставниактивности

15.1.

Предавања-теоретска настава

15 часови

15.2.

Вежби(графички, аудиториски и индивидуални)

75 часови

16.

Други форми наактивност

16.1.

Проектнизадачи

45 часови

16.2.

Самостојнизадачи

45 часови

16.3.

Домашноучење

20 часови

17.

Начиннаоценување

17.1.

Графички вежби 90 бодови

90 бодови

17.2.

Присуство на вежби 10 бодови

10 бодови

18.

Критериумиза

оцена

(БОДОВИ-ОЦЕНА)

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од51 дo 60 бодови

6ест) (E)

од 61до 70 бодови

7 (седум)(D)

од 71до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до90 бодови

9(девет) (B)

од 91до 100 бодови

10(десет) (A)

19.

Условзапотписиполагањена завршен испит

41 бод

20.

Јазик накојсеизведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети на студентите и процес на самоевалуација

22.

ЛИТЕРАТУРА

22.1.

Задолжителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година

- Alexander, Christopher, “Notes On The Synthesis Of Form”, London, 1973, Oxford University Press

- Rudolf Arnheim -“Art and Visual Perception”, University of California Press, 1984

- Brodbent, Geoffrey, “Design In Architecture”, London, 1977, John Wiley&Sons

- B. Leupen, Ch. Grafe, N. Köring, M. Lampe, P. de Zeeuw, Design and Analysis o1o Publishers Rotterdam 1997

- Ching, Francis D.K. Architecture. Form, Space and Order. (3rd edition) John Wiley & Sons, Inc., USA, 2007

- Sigfrid Giedion – “Prostor, vreme,arhitektura”, Gradjevinska knjiga, 1969

- Le Korbizije – “Ka pravoj arhitekturi”, Gradjevinska knjiga, 1977

- Steven Holl – “Phenomenology of Architecture, Questions of Perception”, A+U, 1994

- Hertzberger, Herman, “Lessons For Students In Architecture”, 1991, Rotterdam, Uttgeverij 010 Publishers

- Hertzberger, Herman, “Space and the Architect -Lessons In Architecture 2”,2000, Rotterdam, Uttgeverij 010 Publishers

- Norberg-Schulz, Christian, ”Genius Loci – Towards A Phenomenology Of Architecture”, London, 1980, Academy Editions

- Norberg-Šulc, Kristijan, “Egzistencija, prostor i arhitektura”, Beograd, 1975, “Gradjevinska knjiga”

- Pierre Von Meiss – “Elements of Architecture, from Form to Place” Van Nostrand Reinhold int., 1990

22.2.

Дополнителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година

- К. Александер etal.,Јазик на обрасци, Академски печат, Скопје, 2010

- Ернст Нојферт,Архитектонско проектирање(39то издание), Арс Ламина ДОО, 2010