ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Предметнапрограмаод интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) студии по архитектура

1.

Наслов нанаставниотпредмет

Вовед во компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD)

2.

Код

1.9.2

3.

Студиска програма

Архитектура

4.

Организатор настудиската програма(единица, односно институт,катедра, оддел)

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Архитектонски факултет – Скопје

Институт за графички комуникации

5.

Степен

Прв циклуснастудии

6.

Академска година/семестар

I год./ 2 сем.

7.

Број на ЕКТС

2

8.

Наставник

Доц. д-р Добре Николовски

9.

Предусловзазапишување на

предметот

нема

10.

Цели напредметнатапрограма (компетенции):

Цел на предметот е да создаде основи за користење на компјутерите во секојдневна работа на студентите. За да може секој студент самостојно и креативно да ги користи сметачите потребно е претходно да се запознае со ракувањето со сметачката машина и со нејзините периферни уреди, со системската како и со програмската поддршка ориентирана кон графичко изразување. Студентите ќе се запознаат со главните компоненти на сметачките машини, основните принципи за начинот на нивната работа, со програмската основа за системско управување со сметачите (оперативен систем), со програми за изработка и процесирање на текстови, за скенирање на графички слики, како и со програмски пакети со кои се врши комбинирање на текстови и слики. Во предметот во основен облик ќе се опфатат и елементите за програмирање. Целта е студентите да стекнат елементарни знаења за процесот на програмирање во програмските јазици кои наоѓаат примена при изготвување на пакети за компјутерско графичко комуницирање. Со изучувањето и со примената на најновите верзии на CAD програмските пакети (AutoCAD и ArchiCAD), студентот ќе изготви целосен дводимензионален приказ на зададен архитектонски објект.

11.

Содржина на програмата:

Вовед, сметачки машини предмет, задача, примена. Машинска опрема – HARDWARE. Графички станици, микросметачи, основни делови на машината, со посебен осврт на опремата наменета за приказ на графички елементи, дисплеј, печатар, скенер, плотер и друго. Основни принципи на работа на сметачите, пренесување и обработка на информациите, влез-излез во компјутерските системи. Програмска опрема – SOFTWARE. Системска програмска опрема, оперативни системи Windows 2000, XP, Vista. Апликативна програмска основа, услужни програми, текст-процесори, процесори со комбинација на текст и слика, структури и бази на податоци со обработка на статистички податоци, компјутерско комуницирање – Internet. Основи на програмирање, алгоритам, блок-дијаграм, програма, програмски пакет. Основни структури на програмски јазици, контролни и последователни структури, структури на циклус, основни графички инструкции. Елементи на компјутерска графика, основни графички елементи во проекции, погледи, пресеци, трансформации, ротација. Елементи на 2D графика Компјутерско графичко проектирање CAD (COMPUTERAIDEDDESIGN) Програмски пакет AutoCAD и ArchiCAD Инсталација, потребна машинска и програмска опрема, општ опис, основни функции и конфигурација на програмата. Едитор за цртање, припремни команди за формирање на цртеж. Операции со графички елементи, копирање, ротација, премстување, скалирање, котирање, приказ на текст.

12.

Методи нa учење:

Наставата ќе се одвива со примена на најсовремени аудиовизуелни средства како и со употреба на најнови верзии на програмските пакети Предавањата ќе се одржуваат со примена на видео бим и персонален компјутер. Интерактивност на наставата ќе се обезбеди со припрема на одредена материја од страна на студентите како и преку нивни конкретни прашања на предавањата. Почетната вежба се држи аудиториумски, со давање на заеднички воведни објаснувања. Останатите вежби се држат по мали групи. Секој студент одделно изготвува задолжителни графички задачи со примена на компјутер. При ова, со секој студент одделно се држи индивидуална настава. На крај од секоја задача секој студент го согледува резултатот на својот труд преку плотирање на истиот. Најновите постигнувања од оваа област се следат преку посети на одредени проектни и други компјутерски организации, посета на саеми, пратење на стручна и друг вид техничка литература.

13.

Вкупенрасположив фонд начасови

50часови

14.

Распределбанарасположивотовреме

15+15+10+10+0 часови

15.

Форми нанаставниактивности

15.1.

Предавања-теоретска настава

15 часови

15.2.

Вежби(графички, аудиториски и индивидуални)

15 часови

16.

Други форми наактивност

16.1.

Проектнизадачи

10 часови

16.2.

Самостојнизадачи

10 часови

16.3.

Домашноучење

0 часови

17.

Начиннаоценување

17.1.

Колоквиуми 2 (30+30бодови)

60 бодови

17.2.

Графички вежби 30

30 бодови

17.3.

Присуство на предавања 5 бодови

Присуство на вежби 5 бодови

10 бодови

18.

Критериумиза

оцена

(БОДОВИ-ОЦЕНА)

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од51 дo 60 бодови

6ест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум)(D)

од 71до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до90 бодови

9(девет) (B)

од 91до 100 бодови

10(десет) (A)

19.

Условзапотписиполагањена завршен испит

41 бод

20.

Јазик накојсеизведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети на студентите и процес на самоевалуација

22.

ЛИТЕРАТУРА

22.1.

Задолжителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година

Авторизирани предавања: д-р К. Мангароски, “Вовед во компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD)”, Скопје, 2007 година. Проширена: Дозволена е употреба и на друга литература за целосно совладување на оперативниот систем Windows, како и на програмските пакети: MicrosoftWord, AutoCAD и ArchiCAD. Покрај книги во печатен облик ќе се користат и материјали дадени од производителите на програмските пакети во електронски облик во PDF формат. Софтверски пакети: Во предметот Вовед во компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD) главно ќе се користи оперативен систем Windows 2000, XP и Vista како и програмските пакети: MicrosoftWord, AutoCAD и ArchiCAD. Дозволена е употреба на секоја понова верзија на овие програмски пакети, како и на други нови подобри програмски пакети.

22.2.

Дополнителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година