ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Предметнапрограмаод интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) студии по архитектура

1.

Наслов нанаставниотпредмет

Визии за современиот град

2.

Код

5.7.9; 5.8.9;   5.9.10; 5.10.10

3.

Студиска програма

Архитектура

4.

Организатор настудиската програма(единица, односно институт,катедра, оддел)

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Архитектонски факултет – Скопје

Институт за урбанизам

5.

Степен

Втор циклуснастудии

6.

Академска година/семестар

V / 9, 10

7.

Број на ЕКТС

1

8.

Наставник

Доц. д-р Слободан Велевски

9.

Предусловзазапишување на

предметот

Урбанистичко планирање 2

10.

Цели напредметнатапрограма (компетенции):

Основна цел на предметот претставува продлабочување на знаењата на студентите во областа на урбанизмот, односно феноменот на градот, преку мисловните дискурси кои ги опфаќаат идеите за современиот град од времето на почетоците на индустриското производство до денешното високопотрошувачко општество. Од причина што самиот град е хетерогена социо-просторна композиција која развива комплексни општествени релации предметот Визии за современиот град треба да овозможи знаења кои се референцираат во дијалектиката помеѓу социо-економските и политичко-идеолошките искуства на поединецот и/или групата во рамките на урбаниот колектив.

Информациите со кои ќе се здобијат студентите во текот на семестарот по предметот Визии за современиот град имаат за цел дополнително да ја развијат нивната способност за критичка промисла и истата да ја искористат како дизајн алатка во последната фаза од нивните студии.

11.

Содржина на програмата:

Предметната програма е структурирана во два дела. Првиот дел ги опфаќа нематеријалните искуства на градот кои се рефлексија на општествениот контекст. Анализата и учењето на општествениот контекст има за цел да ја позиционира идејата за градот историски, односно го согледува и анализира времето кога настанува истата. За таа цел општествениот контекст содржински ги опфаќа и аналитички ги истражува социјалните, економските, политичките и теоретските дискурси кои ги препознава како чинители кои директно влијаат на посебноста и спецификите на идејата за градот.

Вториот дел содржински се осврнува на физичките аспекти на идејата за градот, односно на искуствата кои директно се однесуваат на просторноста. Преку територијалните аспекти на идејата за градот и искуството на просторноста, предметот Визии за современиот град го лоцира просторниот артефакт како суперструктура, односно значенско средиште на идејата за градот. На тој начин објектот се препознава како витален дел од процесот на градоградење преку кој повратно се дефинира карактерот и природата на самиот град.

Со дефинирање на идеите за современиот град како историско - територијален концепт се создава можност за обединување на денотирачките вредности на одредени архитектонски и урбанистички дискурси во нови мисловни композиции кои како такви имаат влијание врз постојните општествените диспозиции.

12.

Методи нa учење:

Наставата се одвива преку предавања,семинари и визуелни презентации во чии рамки се развиваат дискусии на презентираните теми.

13.

Вкупенрасположив фонд начасови

25 часови

14.

Распределбанарасположивотовреме

15+0+0+10+0 часови

15.

Форми нанаставниактивности

15.1.

Предавања-теоретска настава

15 часови

15.2.

Вежби(графички, аудиториски и индивидуални)

0 часови

16.

Други форми наактивност

16.1.

Проектнизадачи

0 часови

16.2.

Самостојнизадачи

10 часови

16.3.

Домашноучење

0 часови

17.

Начиннаоценување

17.1.

Колоквиуми

0 часови

17.2.

Самостојнизадачи

90бодови

17.3.

Присуство на предавања и вежби

10бодови

18.

Критериумиза

оцена

(БОДОВИ-ОЦЕНА)

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од51 дo 60 бодови

6ест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум)(D)

од 71до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до90 бодови

9(девет) (B)

од 91до 100 бодови

10(десет) (A)

19.

Условзапотписиполагањена завршен испит

41 бод

20.

Јазик накојсеизведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети на студентите и процес на самоевалуација

22.

ЛИТЕРАТУРА

22.1.

Задолжителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година

- Leach Neil (Editor), Rethinking Architecture - a reader in cultural theory, Routledge 2002

- Frampton Kenneth, Modern Architecture, a critical history, Thames and Hudson Ltd. 2007

- Hays K. Michael (Editor), Architecture Theory since 1968, MIT Press 2000

- Hays K. Michael (Editor), Architecture's Desire: Reading the Late Avant-Garde, MIT Press 2009

- Нојферт, Е., Архитектонско проектирање, Арс Ламина, Скопје, 2009

22.2.

Дополнителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година