ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Предметнапрограмаод интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) студии по архитектура

1.

Наслов нанаставниотпредмет

Архитектонска графика

2.

Код

1.12.1;  1.13.2;  2.13.3;  2.14.4;  3.14.5;  3.15.6

3.

Студиска програма

Архитектура

4.

Организатор настудиската програма(единица, односно институт,катедра, оддел)

Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје

Архитектонски факултет – Скопје

Институт за графички комуникации

5.

Степен

Прв циклуснастудии

6.

Академска година/семестар

I-III / 1-6

7.

Број на ЕКТС

1

8.

Наставник

Доц. д-р Бојан Каранаков

9.

Предусловзазапишување на предметот

нема

10.

Цели напредметнатапрограма (компетенции):

Целта на овој предмет е да ги опреми студентите со сет од графички алатки кои ќе им користат во проектантскиот процес и при пренесување на архитектонските идеи. Основната премиса зад оваа формулација е тезата дека графиката е нераскинливо поврзана со проектантскиот процес и претставува важна алатка која на проектантот му обезбедува не само можност да ја презентира својата идеја туку и да ја продлабочи комуникацијата со самиот себе и со другите.

Графичките комуникации подразбираат и ментални способности покрај физички вештини и умешност во цртањето затоа што покрај архитектонската идеја која ја пренесува цртежот и самиот цртеж (графиката) како краен физички продукт исто така е резултат на дизајнерски процес преку кој се донесени одлуки зошто, каде и кога е употребена одредена графичка техника.

Предметот нема за цел да го обучи студентот со врвни техники на претставување на просторот и архитектурата во него, ниту да наметне некаков конкретен цртачки стил како најдобар, напротив, целта на предметот е преку запознавање на дел од графичките техники и конвенции да се поттикне развој на индивидуален препознатлив графички јазик на студентот, секако, во рамки на веќе воспоставените конвенции на архитектонските графички комуникации.

11.

Содржина на програмата:

Во рамки на предметот ќе бидат презентирани бројни конвенции и техники кои се употребуваат во графичко претставување на архитектонската мисла, а потоа тие ќе бидат практично применувани на конкретни примери.

Наставата е поделена на три главни целини:

- теоретски дел (15 часови) - организиран во форма на аудиторни предавања

- практичен дел (15 часови) - организиран во форма на вежби во рамки на кои практично се вежбаат техниките и конвенциите на архитектонската графика предавани во теоретскиот дел од наставата во помали групи и во директна комуникација со студентите

- изработка на индивидуални семестрални задачи (20 часови) - примена на извежбаните техники на конкретни примери и нивна презентација од страна на секој студент

12.

Методи на учење:

Интерактивна настава, графички вежби, семинарски работи

13.

Вкупенрасположив фонд начасови

25 часови

14.

Распределбанарасположливотовреме

15+10+0+0+0 часови

15.

Форми нанаставниактивности

15.1.

Предавања-теоретска настава

15 часови

15.2.

Вежби(графички, аудиториски и индивидуални)

10 часови

16.

Други форми наактивност

16.1.

Проектнизадачи

0 часови

16.2.

Самостојнизадачи

0 часови

16.3.

Домашноучење

0 часови

17.

Начиннаоценување

17.1.

Колоквиуми

0 бодови

17.2.

Графички вежби 30 бодови

Програмска (семестрална) задача 50 бодови

80 бодови

17.3.

Присуство на предавања 10 бодови

Присуство на вежби 10 бодови

20 бодови

18.

Критериумиза

оцена

(БОДОВИ-ОЦЕНА)

 до50 бодови

5 (пет) (F)

 од51 до 60 бодови

6ест) (E)

 од61до70 бодови

7 (седум)(D)

 од71до80 бодови

8 (осум) (C)

 од81 до90 бодови

9(девет) (B)

 од91до100 бодови

10(десет) (A)

19.

Условзапотписиполагањена завршен испит

41 бод

20.

Јазик накојсеизведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети на студентите и процес на самоевалуација

22.

ЛИТЕРАТУРА

22.1.

Задолжителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година

  1. Antal J., Kušnir L., Slameň I., Ahitektonska Grafika, Tehnička knjiga, Zagreb, 1968
  2. Chin F., Architectural Graphics, Van Nostrand Reinhold Company, New York, 1985
  3. Крстић Б., Архитектонско цртање, Научна књига, Београд,1951
  4. Fraser I., Henmi R., Envisioning Architecture - An analysis of Drawing, John Wiley & Sons, New York, 1994
  5. O’Connell W. J., Graphic Communications in Architecture, Stipes Publishing Company, Champaign, 2004
  6. Lesea P., Graphic Thinking for Architects & Designers, John Wiley & Sons, New York, 2001

22.2.

Дополнителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година