(1) Со завршниот испит студентот треба да покаже дека се стекнал со:
- знаења потребни да се истражуваат и анализираат архитектонските и
урбанистичките проблеми и да се синтетизираат во аналитички ставови, оценки и
проектантски солуции за различни степени на комплексност, размер и тип на
простори;
- знаења потребни да се препознаваат и користат различните концепти од
теоријата и историјата на архитектурата и урбанизмот во обликувањето на
зградите, градовите и околината, имајќи ги предвид естетските барања,
општествените потреби, техничко инженерските барања и стандарди како и
барањата поврзани со животната средина;
- знаења за функционалните, психолошките и сетилните односи што постојат
помеѓу луѓето и архитектонскиот простор и улогата на формата, бојата,
материјалите и новите технологии во обликувањето на просторот, архитектонските
објекти и ентериерот;
- знаења потребни за воспоставување на соодветен однос кон градителското
наследство доколку се работи за негова заштита и ревитализација, како и во случаи
кога се гради во негова непосредна близина;
- познавања на основните принципи кои се однесуваат на материјалите,
конструкциите, инсталациските системи и енергетските биланси и нивна соодветна
примена во проектирањето и изградбата на објектите,
- познавања на фазите и начинот на реализација на објектите во дадениот
општествен, правен и економски контекст и
- умеења да се употребат графичките стандарди и нормативи и стандардите за
пишан труд на ниво на магистерска работа.
член 22.