ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Предметнапрограмаод интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) студии по архитектура

1.

Наслов нанаставниотпредмет

Историја на архитектура и уметност4

2.

Код

3.10.6

3.

Студиска програма

Архитектура

4.

Организатор настудиската програма(единица, односно институт,катедра, оддел)

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Архитектонски факултет – Скопје

Институт за заштита на градителско наследство и историја на архитектура

5.

Степен

Прв циклуснастудии

6.

Академска година/семестар

III год. / 6 сем.

7.

Број на ЕКТС

2

8.

Наставник

Доц. д-р Елизабета Касапова

9.

Предусловзазапишување на

предметот

Историја на архитектура и уметност 3

10.

Цели напредметнатапрограма (компетенции):

Оспособување на студентите за:

- активно знаење, аналити­чен и конструктивен пристап и однос кон градителското (архитектонско, урбанистичко) и уметничкото наследство;

- постепено препознавање, одбирање и евалуација на фактите за трајните и менливи категории и значења на архитектонските концепти во синхрониска и дијахрониска насока;

- прифаќање на пораките од историското наследство како значаен фактор во градењето на личниот градителски јазик и култура.

11.

Содржина на програмата:

Предметот Историја на архитектура и уметност 4 ги изучува историско-теориските аспекти на архитектурата и урбанизмот во периодот од крајот на XIX век и првите пробиви на новите концеп­ции сé до 60-тите години на XX век и кризата на Модерната, низ следните аспекти: - Влијанието на општествено-политичкиот, културниот и техничко-технолошкиот контекст врз формирањето на специфични архитектонски, урбани и уметнички концепти; - Настанок, развој, континуитет и транс­формации на урбаните концепти и посебните архитектонски типологии; - Елементи на архитектон­ската композиција и начини на компонирање; - Обликување на архитектурата во зависност од новите технолошки, конструктивни и материјални можности; - Влијанието на уметничките правци на XX век (скулптура, рељеф, ѕидно сликарство и др.) во формирањето на архитектонската мисла на Модерната.

Наставата по предметот се изведува низ следните наставни единици: 1. Вовед / Општествено-политички, културни и техничко-технолошки предуслови за појава и развој на модерната архитек­тура; 2. Пробив на нови концепции (Чикашка школа, Арт нуво, Виенска сецесија...); 3. Индивиду­ални творци, предвесници на модерната архитектура (Адолф Лос, Огис Пере, Тони Гарние, Петер Беренс...); 4. Авангардни правци (Кубизам, Експресионизам, Футуризам, Неопластицизам / Де Стијл, Руска авангарда, Нова објективност, Баухаус...); 5. Творештво на големите мајстори на Модерната (Френк Лојд Рајт, Мис ван дер Рое, Валтер Гропиус, Ле Корбизје, Алвар Алто и сканди­навскиот регионализам...); 6. Криза на модерната и потрага по нови излези во архитектурата (новиот брутализам, група 10, Архиграм...)

12.

Методи нa учење:

- методи на анализа: компарација, емпирија, генерализација, апстрак­­ција, хронологија....

ите пробиви на новите кон- методи на синтеза;

- метод на учење во реален контекст

13.

Вкупенрасположив фонд начасови

50 часови

14.

Распределбанарасположивотовреме

30+0+0+5+15 часови

15.

Форми нанаставниактивности

15.1.

Предавања-теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби(графички, аудиториски и индивидуални)

0 часови

16.

Други форми наактивност

16.1.

Проектнизадачи

0 часови

16.2.

Самостојнизадачи

5 часови

16.3.

Домашноучење

15часови

17.

Начиннаоценување

17.1.

Колоквиуми 2 (40+40бодови)

80 бодови

17.2.

Семинарска работа

10 бодови

17.3.

Присуство на предавања и активност

10 бодови

18.

Критериумиза

оцена

(БОДОВИ-ОЦЕНА)

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од51 дo 60 бодови

6ест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум)(D)

од 71до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до90 бодови

9(девет) (B)

од 91до 100 бодови

10(десет) (A)

19.

Условзапотписиполагањена завршен испит

41 бод

20.

Јазик накојсеизведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети на студентите и процес на самоевалуација

22.

ЛИТЕРАТУРА

22.1.

Задолжителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година

1. Frempton, Kenet. Moderna arhitektura, kritička istorija. Beograd: Orion, 2004.

2. Giеdion, Sigfrid. Prostor, vreme, arhitektura. Beograd: Građevinska Knjiga, 2002.

3. Tокарев, Михаил. 100 години модерна архитектура 1 – големите движења и мајстори. Скопје, 2004.

22.2.

Дополнителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година

1. Colquhoun, Alan. Modern Architecture. Oxford University Press, 2002.

2. Heynen, Hilde. Architecture and Modernity, A Critique. The MIT Press, 2000.

3. Conrads, Ulrich. Programs and Manifestoes of the 20th CenturyArchitecture. The MIT Press, 1975.

AFMAP

За факултетот

Деканат
Институти
Историјат
Контакт
Правни акти и документи
Пријатели
A.F. е мој избор
Финансии

 

 

 

 

 

Студии

Додипломски студии
Магистерски студии
Докторски студии
Студентска служба
Студентски организации

 

 

 

 

 


 

 


Уписи

Додипломски студии
Магистерски студии
Докторски студии

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кадар

Административен кадар
Наставен кадар