ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Предметнапрограмаод интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) студии по архитектура

1.

Наслов нанаставниотпредмет

Урбанистичко планирање 1

2.

Код

2.7.34

3.

Студиска програма

Архитектура

4.

Организатор настудиската програма(единица, односно институт,катедра, оддел)

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Архитектонски факултет – Скопје

Институт за урбанизам

5.

Степен

Прв циклуснастудии

6.

Академска година/семестар

IIгод. / 3 и 4 сем.

7.

Број на ЕКТС

8 (4+4)

8.

Наставник

Проф. д-р Јасмина Сиљаноска

9.

Предусловзазапишување на

предметот

нема

10.

Цели напредметнатапрограма (компетенции):

Да ги воведе студентите во подрачјето на урбанизмот и нивно запознавање со градот, градските ситуации и контекстот; развивање на перцепцијата за градските простори и на критичкиот дискурс за просторните особености и различности; запознавање со урбоморфолошките својства и квалитети на градските простори, воведување во методите и техниките на анализа и интерпретирање на градските елементи, контекстот и процесите на трансформација на градските простори. Запознавање со основите на урбанистичко планирање и разбирање на процесот на трансформација во градот. Запознавање на студентите со особеноста на градот, неговиот развој и преобразба, како и со урбанистичките концепции од настанокот до денес (прединдустрискиот, индустрискиот и постиндустрискиот град).

11.

Содржина на програмата:

Во зимскиот семестар: Вовед во урбанизмот. Градовите денес: коегзистенција на историскиот и современиот град. Урбанистичкото обликување вс. урбанистичкото планирање.Процес на планирање: спонтаниот вс. планираниот град. Дефиниција на урбаниот простор и неговите компоненти. Градскиот пејзаж и градската форма. Силуетата на градот и нејзините планови. Перцепција на градските простори и нивните особености, слика на градот. Односот на изградениот и неизградениот простор. Јавните простори и меѓупросторите. Структура на изградениот простор, типологија и морфологија на изградените физички структури. Елементи на градот, видови, урбоморфолошки својства и морфогенеза (улици, плоштади, блокови, градини и паркови, четврти и специјални зони и територии). Во летниот семестар: Развој и преобразба на градот и урбанистичките концепции од настанокот до 19 век (прединдустриски град): Потекло и генеза на градот; Античката урбана практика и теорија; Средновековниот град; Ренесансниот и барокниот град; Градоградителството на 18 и 19 век. Равој и преобразба на градот и урбанистичките концепции од крајот на 19 век до денес: Индустрискиот град; Урбанистичките теоријски концепти на почетокот на 20 век; Повоена обнова на градовите и ревизија на Модерната; Трендовите во 70-тите и 80-тите година на 20 век и постмодернистичката концепција на градот; Современите концепти.

Во зимскиот семестар во практичниот дел од наставата студентите вршат снимање, рекогносцирање и читање на просторните карактеристики на избран градски дел. Преку аналитички и графички приказ вршатанализа на градските простори и елементи во зависност од начинот на нивното групирање и морфолошките својства. Во летниот семестар практичниот дел од наставата претставува вовед во урбанистичкото обликување и интервенциите во градскиот простор. Се врши: вреднување на просторот;рекомпонирање/замена на градски дел-блок согласно интерпретирањето на снимката и анализата и метода на замена на предметниот блок.

12.

Методи нa учење:

Теоретскиот дел се одвива со говорно елаборирање и илустрирање, практичната работа со групно и самостијно разработување преку индуктивна и компаративна метода во анализата и дедуктивна во синтезата и просторната симулација.Критичка експликација и компаративна анализа на современи референтни промерии практики во урбанистичкото планирање.

13.

Вкупенрасположив фонд начасови

200 (100+100)часови

14.

Распределбанарасположивотовреме

60+60+50+0+30 часови

15.

Форми нанаставниактивности

15.1.

Предавања-теоретска настава

60(30+30) часови

15.2.

Вежби(графички, аудиториски и индивидуални)

60(30+30) часови

16.

Други форми наактивност

16.1.

Проектнизадачи

50(25+25)

часови

16.2.

Самостојнизадачи

0 часови

16.3.

Домашноучење

30(15+15) часови

17.

Начиннаоценување (семестрално)

17.1.

Колоквиум/испит

30 бодови

17.2.

Графички вежби 30

60 бодови

17.3.

Присуство и активност

10 бодови

18.

Критериумиза

оцена

(БОДОВИ-ОЦЕНА)

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од51 дo 60 бодови

6ест) (E)

од61до70 бодови

7 (седум)(D)

од71до80 бодови

8 (осум) (C)

од81 до90 бодови

9(девет) (B)

од91до100 бодови

10(десет) (A)

19.

Условзапотписиполагањена завршен испит

41 бод (51 бод во зимскиот семестар)

20.

Јазик накојсеизведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети на студентите и процес на самоевалуација

22.

ЛИТЕРАТУРА

22.1.

Задолжителналитература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година

- Белешки од предавања, проф.д-р Јасмина Сиљаноска, Читанка на избрани текстови за градот

22.2.

Дополнителна литература

Бр.

Автор, наслов, издавач, година

- Cullen, G. 1990, Gradski pejzaž, Gradjevinska knjiga, Beograd;

- Gidion, S. 2002, Vreme, prostor i arhitektura, Gradjevinska knjiga, Beograd;

- Kostoff, S. 1991, City Shaped: Urban Patterns and Meanings through History, Bulfinch Press;

- Kostoff, S. 1992, The City Assembled: Elements of Urban Form through History, Little Brown, Boston;

- Linč, K. 1974, Slika jednog grada, Gradjevinska knjiga, Beograd;

- Milić, B. 1994.-2002, Razvoj grada kroz stoljeća I-III, Zagreb;

- Mumford, L. 1988, Grad u historiji, Naprijed, Zagreb;

- Zite, K. 1967, Umetničko oblikovanje gradova, Gradjevinska knjiga, Beograd,

- Кристофер Александар, Јазик на обрасци, Академски печат, Скопје, 2010