ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

   70GAFS

 

Врз основа на член 37 став 6 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија број 82/2018) и член 65 од Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 425/2019), Деканот на Факултетот на ден 18.11.2019 година, ја донесе следната

О Д Л У К А

за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Архитектонскиот факултет - Скопје

Член 1

Се распишуваат избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Архитектонскиот факултет – Скопје (во натамошниот текст: Факултетот).

Член 2

Изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание ќе се одржат на ден 17.12.2019 година (вторник) во Glass room на Факултетот, во период од 10 до 14часот.

Член 3

За спроведување на изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот се именува изборна комисија во следниот состав:

  1. Проф. д-р Ана Тромбева-Гаврилоска
  2. Вонр. проф. д-р Јован Ивановски
  3. Елена Настеска, студент
  4. Виктор Стојчески, студент
  5. Марија Петрова,студент

Член 4

Се задолжува изборната комисија од член 3 на оваа Одлука изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Архитектонскиот факултет - Скопје да ги реализира во согласност со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Статутот на Архитектонски факултет – Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Член 5

Се задолжува изборната комисија од член 3 на оваа Одлука да донесе Упатство со кое се утврдува нејзината работа и начинот на спроведување на изборите.

Член 6

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, се доставува до сите студенти запишани во зимскиот семестар на Факултетот на нивните е-маил адреси и се објавува на веб страницата на Факултетот и огласната табла на Студентската служба.

                       

                                                                                                 Декан

                                                                                    Проф. д-р Огнен Марина, с.р.