Фотографии од проекцијата на филмот „Духот на Баухаус“, кој во рамки на програмата „Филм“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“, а во соработка со Германската амбасада во Скопје и Музејот на современата уметност, беше прикажан во кино салата на Музејот на 6.11.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографии од отворањето на изложбата „bau1haus“ на берлинскиот фотограф Жан Молитор, поставена во Музејот на соверемената уметност во Скопје. Изложбата е реализирана во соработка помеѓу Амбасадата на Германија, Архитектонскиот факултет во Скопје и Музејот на современата уметност - Скопје и е по повод стогодишнината на познатата и исклучително влијателна школа - Баухаус. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Read more: „Бау1хаус“ (bau1haus) на берлинскиот фотограф Жан Молитор
Проекцијата на филмот „Духот на Баухаус“, кој во рамки на програмата „Филм“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ и во соработка со Германската амбасада во Скопје и Музејот на современата уметност, ќе биде прикажан во салата за проекции на Музејот во среда, 6.11.2019 година, со почеток во 19.00 часот.
Фотографии од излагањето на Андријана Тилиќ, архитектка и фотографка, која во рамки на програмата „Фактотум“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ имаше свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет на 30.10.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографии од излагањето на Хорхе Мејиа Хернандез (Jorge Mejia Hernanzdez), професор на Одделот за архитектура при Техничкиот универзитет во Делфт, Холандија, кој во рамки на програмата „360“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ имаше свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет на 24.10.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
![]() |
![]() |
ДВЕ НОВИ ИЗДАНИЈА НА АФС!
ОБРАСЦИ НА РАСТ: ОСЛОБОДУВАЊЕ-НА-ПРОСТОРOТ
Архитектурата помеѓу домашниот простор и заробениот пејзаж
+
ДВОРОВИ – ГРАДИНИ – ПРОЕКТИ
Истражувачки проект подготвен од педагошкиот тим на ОБРАСЦИ НА РАСТ
Примероци од книгите може да најдете во библиотеката на АФ
Aрхитектката Андријана Тилиќ ќе има свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет во среда, 30.10.2019 година, со почеток во 19.00 часот, во рамки на програмата „Фактотум“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“
Фотографии од отворањето на изложбата на трудовите пристигнати на меѓународниот конкурс за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение на ридот Кале во Скопје, отворена на 22.10.2019 година во Музејот на современата уметност во Скопје. Конкурсот и изложбата на пристигнатите трудови претставуваат активности во рамки на проектот „ROCK“ - Уметничка тврдина, чијашто цел е да ја поттикне ревитализацијата и просторното уредување на ридот Кале во привлечна и посетена градска содржина со различни културни, образовни и рекреативни функции. Проектот се реализира во партнерство помеѓу Архитектонскиот факултет, Музејот на современата уметност и Град Скопје. Автор на фотографиите е Мила Гавриловска.
Aрхитектот Хорхе Хернандез (Jorge Hernandez) од Одделот за архитектура при Техничкиот универзитет во Делфт, Холандија, кој во рамки на програмата „360“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ ќе има свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет во четврток, 24.10.2019 година, со почеток во 19.00 часот.
Излагање на архитектите Бојан Тасев и Никола Томевски од архитектонското биро „Аттика архитекти“, кои во рамки на програмата „Практископ“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ ќе имаат свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет во среда, 16.10.2019 година, со почеток во 19.00 часот.
70 ГОДИНИ АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
Фотографии од одбележувањето на 70 годишниот јубилеј од првиот одржан час на најстариот Технички факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
![]() |
![]() |
Повеќе информации за конкурсот
КОНКУРС - ПРОГРАМА ЕРАЗМУС+
ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за академската 2021/2022 година